Школа за Применета Спиритуалност – НЕКСУС

Збирка есеи “Создавање на еден гешталт”

Збирка есеи
Создавање на еден гешталт

Збирка есеи

Создавање на еден гешталт

     “Создавање на еден гешталт“ е мојата втора авторска книга. И како што вели самиот
наслов, се работи за збирка есеи и трудови од Гешталт филозофијата, теоријата и праксата како
што јас Данче Велов, автентично ја разбрав и практикувам во својата работа. Ова се сите мои есеи,
трудови и предлози за работа и исцеление (како на себеси, така и на другите), кои ги имам
напишано во период од првите две години од мојата едукација како Гешталт терапевт.
     Кога почнав да ја читам литературата која ни беше задолжителна и предложена за нашата
едукација, секако и додатна за да можам подлабоко да разберам за што стануваше збор, се
појавија многу прашања на кои и порано барав одговор…мои прашања, за мене, за
функционирањето на моето сопствен карактер и на мојот селф. Читајќи ги сите тие книги добивав
одговори, некои ми се допаѓаа, некои не, но добивав одговори.
     Почнав да ги запишувам тие одговори.
     Почнав да ги запишувам моите мисли за тие одговори и понекогаш и да запишувам како
јас би сакала да можев да си одговорам или како јас би одоворила некому ако ми беше клиент. За
среќа мојата менторка и тренер, Розе, ми дозволи да пишувам, да се изразам себеси писмено.
Пишувањето е мое говорење, мој одбрамбен механизам, мој најголем талент и способност да си
ја видам својата Душа и Спирит како се; до кај се; да не им треба нешто.
     Е ваквите записи, од себеси за себеси, полека, отпрвин срамежливо, без многу да се
наметнувам, но потоа посилно и подрско – почнаа да формираат своја сопствена целина и за
некое чудо да ми комплетираат гешталти за кои немав ни поим дека се незавршени. Па одтука и
насловот на збиркава “Создавање на еден гешталт“.
     Гешталт на германски јазик значи формација, конфигурација, структура составена од малку
или многу делови, која има смисла за оној кој ја креира или сака да ја состави. Мојата книга, сите
мои книги мене ми имаат смисла, па се надевам и вам ќе ви дадат по некоја смисла за некој ваш
незавршен или фиксен гешталт кој подолго време ви ја црпи енергијата.
     Книгава се чита по ред, како ќе читате, есеј за есеј, труд за труд, ќе го видите моето
мисловно и размислувачко растење во филозофијата на Гешталт Терапијата. Иако е невообичаено
да се издадат есеите од едукација, сепак психотерапијата не е училишна тема, туку човечка.
Есеите и трудовите, моите размисли, заклучоци, начин на синтетизирање на знаењата можат да (и
навистина се надевам) помогнат и на некој друг кој сака да го разбере Патот на Траумата. Било
својата или туѓа, не е битно. Затоа и во сржта на целава збирка е Борбата, Победата и Мудроста за
време на и после Трауматскиот настан и Траумата.
     Во книгата, меѓу редовите – ќе ме најдете мене.
     Во редовите – мојата болка и борба.
На крај на книгата – моето решение и предлози како да се спасите себеси или како да
побарате да ве држат за рака додека самите се спасувате себеси.
     Мене ме спаси и сеуште ме спасува моето пишување. Најдете во што сте најдобри и
ослободете се од болката, од минатото, од мемориите. Ослободете се оти никој нема да дојде да
ви ги тргне прангите на траумата од вас. Може да ви ги покаже, може да ви укаже на очигледното,
на она на кое сте се навикнале, но не и да ги тргне за вас. Напишете ја вашата Вистина и никогаш
немојте да се срамите од сопствената болка и од сопствените одбрамбени механизми поради кои
сеуште сте живи.
     Кажете ја својата приказна…можеби ќе спасите и некој друг, како што се спасивте себеси.

Намасте,
Д.Велов

       Како што ќе прочитате од содржината, се гледа дека книгава е насочена кон: подобрување на квалитетот на
сопствениот живот; кон создавање здрави граници; учење на Уметноста да се каже НЕ; учење на Уметноста да се каже
ДА; психосоматиката на нашето тело кога одиме контра себе; основата на автоимуните болести; што се Стрес, а што Траума; кои се последиците од стрес, а кои од Траума; како да се прекине тој злобен, разболувачки циклус на себе-уништување и како да почнеме да се почитуваме себеси и многу други теми кои се напишани на овие страници.                                                                              Иако гешталтистичката терминологија доминира, сепак сѐ е објаснето е многу пластично и применливо.

      Посебно многу ми значи објаснувањето за Патот на Трауматско искуство и Траума, можеби на некого ќе му објасниме како завршил таму кај што е и како може поинаку.

Содржина

  • Есеј бр.1

Потребата на „инфантилното“ во „созреаното“ и патологијата поради тоа (од гледиште на Гешталт теорија)

  • Есеј бр.2

“Внатрешен Возрасен“ и созревањето на “внатрешното дете“ (од поглед на Гешталт теоријата) – “The Inner Adult”

  • Есеј бр.3

Перлс, јас и мојот “географски јазик“ (моите его, глад и агресија)

  • Есеј бр.4

Контраволја – дополнување на Гешталт кругот на доживување со уште еден многу важен одбрамбен механизам

  • Есеј бр.5

Позитивна Резистентност – Нашето тело и неговите свесни и несвесни реакции на давање и недавање на отпор

  • Есеј бр.6

Терапевтска употреба на допир; Те-ате, Гешталт психотерапија и телесните процеси

  • Есеј бр.7

Граници и значењето на имање здрав личен простор

  • Есеј бр.8 и труд бр. 1

Петтиот Човек – концептот на “Fifth Business“ во Гешталт психотерапевтска сесија

  • Есеј бр.9 и Одбрана на теорија

Одбрана на теорија – Убавината на Природноста на Гешталтистичкиот пристап прикажано преку гешталтистичка обработка на Десетте Завети на Најголемиот Трговец на Светот

  • Труд бр.2

Еволуција на позитивни Гешталт циклуси на доживување

  • Труд бр.3

Стрес, Траума, прекини и одбрамбени механизми во Гешталт Циклусот на Доживување

  • Труд бр.4

Гешталт циклус на доживување на трауматско искуство

– Пат на Трауматско искуство и Траума според Данче Велов –

  • Труд бр.5

Патот на пост-трауматско Исцеление преку петте принципи на создавање гешталт

  • Труд бр.6

Seven A’s ( 7А ) – Седум начини на Исцеление кои може да се применат при гешталт психотерапија со клиенти со Траума


Збирка есеи "Создавање на еден гешталт" можете да ја набавите на следниов начин:
Нека Светлината и Љубовта ги водат срцата и разумот на сите кои сакаат да постанат вистински луѓе!