-
Кој е Mikao Usui Sensei?
Usui Sensei e основач на Usui Reiki Ryoho, основачот на Shin Shin Kaizen Usui Reiki Ryoho.
Овде во Школата за Применета Спиритуалност ја изучуваме вистината и историјатот за основачот на она што денес е погрешно, општо познато како “Реики“. За да не се повторувам премногу, овде ќе биде напишам само мал дел за животот и делото на Усуи Сенсеј. Но, многу повеќе и подлабоко разработени историски факти и проверени истражувања можете да пронајдете во мојата книга/прирачник “Знаења, размисли и факти за Реики, Усуи Сенсеј и Спиритуалните Учители“, како и во многуте други прекрасни книги на Реики историчарот и еден од најголемите познавачи и истражувачи на животот и делото на Усуи Сенсеј, Frank Arjava Petter, но и во уште неколку книги напишани од реномирани Реики Учители кои се потрудиле да ја пронајдат и да ја предадат вистината за оваа прекрасна техника на исцеление.
Кој бил Усуи Сенсеј најдобро можеме да спознаеме од самата негова спомен-плоча која е подигната во негова чест, веднаш до неговиот гроб во Храмот Saihoji во Токио.


Спомен плоча на Усуи
И благодарение на подвизите на Arjava Sensei кој ја пронашол спомен-плочата и гробот на Усуи Сенсеј, овде за првпат преведено на македонски јазик, ви го претставувам натписот за неговиот живот и дело напишани од г-дин Juzaburo Ushida (првиот претседател на здружението по смртта на Усуи Сенсеј) на старојапонски јазик. Преводот којшто овде јас го преведувам е превод направен на модерен јапонски јазик од господин Hiroshi Doi, кој до ден денешен е член на оригиналното Usui Reiki Ryoho Gakkai во Јапонија (не дека другите преводи од останатите Реики-Учители не се точни, секако дека се, но овој го избрав како најпоетичен).
Преводот којшто сега ќе го прочитате во заградите содржи дообјаснувања направени од моја страна за да можете подобро да сфатите за што станува збор.
-
Reihochoso Usui Sensei kudoku no hi
-
Memorial of the merits of Usui Sensei, the founder of Reiho (Reiki Ryoho)
-
Спомен-плоча за заслугите на Усуи Сенсеј, основачот на Reiho (Reiki Ryoho)
Тоа коешто природно ќе го научиш преку себедисциплина и тренинг се нарекува доблест, а кога си лидер и кога спасуваш луѓе од своја добра волја, правиш добро дело достојно за почести за коишто ти си заслужен. Личност која има многу вакви заслуги и карактерот ѝ е исполнет со доблести, еден ден може да стане почитуван основач и Учител на нешто свое. Уште од старо време оние кои основаа нови учења и религии – како што се еремитите, филозофите или гениите – се токму вакви луѓе. А ние, може со сигурност да кажеме дека Усуи Сенсеј е еден од овие величествени Учители.
Тој основа нова метода за да се подобри работата на телото и на умот, којашто метода за своја основа ја има Реики од Универзумот. И уште веднаш, неговата репутација привлече луѓе од целата земја кои сакаа да научат Реики и да примат третман. Навистина, ова беше многу успешно (учењето на Усуи Сенсеј).
Usui Sensei – чие име е Mikao, а неговиот псевдоним е Gyohan, беше роден во селото Тaniai, округ Yamagata, префектура Gifu. Негов прадедо бил Tsunetane Chiba, кој одиграл значајна улога како воен командант во периодот меѓу крајот на Heian ерата и почетокот на Kamakura владеењето. Името на неговиот татко бил Taneuji, но го викале Uzaemon. Неговата мајка беше од Kawai фамилијата. Usui Sensei беше роден на 15 август првата година од Keio периодот (1865 година). Бидејќи учеше додека работеше уште од дете, тој се потруди да биде доста понапреден од неговите пријатели.
Откако порасна, отпатува и ги посети Европа и Америка и студираше во Кина. Но, и покрај сите неговите способности, не секогаш беше успешен во напредувањето во рамките на својата кариера. Иако честопати живееше сиромашен живот, во тие моменти уште повеќе се трудеше да се рафинира себеси како телесно така и умствено, без притоа да им подлегне на тешкотиите.
Еден ден, Usui Sensei се искачи на планината Kurama каде што почна да практикува аскетска пракса со постење. Одеднаш, на дваесет и првиот ден, тој почувствува моќ на Reiki над неговата глава. (И тогаш) му беше подарено Satori и Reiki Ryoho во исто време. Кога ја проба (Реики-методата) на самиот себе и со неговата фамилија, веднаш се виде дека делува. Тој (Усуи Сенсеј) рече: “Јас морам да ја споделам оваа моќ со јавноста и да ги уживам бенефитите (од Реики) со нив, што е многу подобро отколку да го чувам (знаењето за исцеление со Реики) како ексклузивно право во мојата фамилија.“ Во април, во единаесеттата година од Taisho периодот (1922 година), Usui Sensei се пресели во Aoyama Harajuku, Токио и го основа својот Gakkai (институт) каде што Reiki Ryoho беше јавно подучувана метода, но имаше и третмани за исцеление. Луѓето кои доаѓаа да го видат, доаѓаа од близу и од далеку за да побараат од него водство и совети, како и лек и тие беа толку многу што можеа да се видат долги редици луѓе пред зградата на Gakkai.
Во септември, во дванаесеттата година од Taisho-периодот (1923 година), во Tokio изби огромен пожар предизвикан поради Големиот Канто Земјотрес при што насекаде имаше повредени и болни кои многу патеа. Usui Sensei почувствува длабока симпатија кон нив и секој ден ги терапираше (со Реики-методата) кружејќи низ улиците на градот. Невозможно е да се пресмета колку многу луѓе беа спасени од смртта поради неговата посветеност. Ова е само еден мал опис од неговата мисија за исцеление каде што тој им ги подаде своите раце полни со љубов на сите оние кои имаа итна потреба (за исцеление).
Кога неговиот Dojo стана премногу мал за да ги прими сите посетители, тој изгради нов Центар за Исцеление и се пресели во Nakano, надвор од градот, во февруари во четиринаесеттата година од Тaisho-периодот (1925 година). Како растеше неговата (позитивна) репутација, тој честопати беше покануван да гостува низ целата земја. И според овие покани, тој патуваше до Hiroshima, па потоа беше во Saga и стигна до Fukuyama. И додека таму (во Фукујама) престојуваше во еден мотел, ненадејно се разболе и умре на возраст од 62 години.
Неговата сопруга Sadoko, (која потекнува) од Suzuki фамилијата, имаше син и ќерка со него. Името на нивниот син беше Fuji и тој го наследи фамилијарниот бизнис на Усуи.
