Поради недостаток на зборови кои ја објаснуваат природата на невидливиот свет, нам ни припаѓа честа да оформиме нов речник на спиритуална терминологија или барем разбирање на англискиот збор доколку тој збор ја опфаќа суштината. За среќа во спиритуализамот нема дискусии за постоење на “мајчин јазик“, па така секогаш ги користиме зборовите од било кој јазик што се најблиски на објаснување на суштината и енергијата која зборот се труди да ја опфати. Денес за оваа потреба ќе го користиме англискиот јазик.
Спиритуализам (напишан како што стои во македонскиот речник) преведен на википедија на македонски јазик се објаснува вака:
“Спиритуализам означува верување во задгробен живот, и во можна комуникација на живите луѓе со душите на мртвите преку медиум. Исто така се однесува на филозофија, доктрина или религија, а се однесува на духовниот аспект на постоењето.“
Ова за жал е многу, многу погрешно! За уште поголема жал сите кои не знаат друг јазик освен македонскиот кога ќе прочитаат ова вака, не е ни чудо што ништо неможат да разберат.
Секогаш на моите ученици и на оние кои сакаат навистина нешто да научат и да разберат им велам да научат странски јазици и секогаш да се потрудат да го прочитаат оригиналниот текст на она што сакаат да го разберат. Како што реков за денешен збор блиску до она кое се труди да го претстави ќе го земеме англискиот кој збор е Spiritualism. Ако го разделиме овој збор ќе добиеме вакво нешто Spirit –u – al(all) – ism, кој во превод би значело: “Спирит – ти – ние – тоа е што е“ и колку совршен збор за објаснување или пак прифаќање на она што е спиритуализам или поточно СпиритуалЕ.
Според Фридрих Перлс постојат четири основни форми на филозофски пристап. Првиот е “aboutism”, втората филозофија е “shouldism” “, третиот начин на размислување е онтолошко размислување т.е. егзистенцијалниот пристап т.е. “is-ism“ и четвртиот пристап на согледување и живеење е Гешталтистичкиот. Како што верувам дека веќе имате „а-ха“ момент, ние овде ќе се задржиме на третиот начин на размислување, онтолошкиот.
Онтологија е пристапот на согледување на нештата кој вели дека нештото е објаснето преку самото негово постоење. Значи самиот факт што едно нешто постои, било видливо или не за нашите телесни сетила, е потврда сама по себе. Одтука и другиот израз – егзистенцијализм, кој повторно ни вели дека нештото егзистира, постои, самото по себе и како такво и треба да го прифатиме без подлабоки објаснување, за како, зошто, до кога итн. Самата именка која стои пред суфиксот “–изм“го објаснува нештото за кое е именка. Онтологија е кога нештото едноставно се прифаќа такво какво што е, не се доживувава, не се толкува, не се обмислува. Тоа е “science of being”, изјава, соопштение на факти. Тоа е што е.
Е сега, на некои луѓе не им е доволен самиот факт дека нештото постои и толку е сосема доволно да знае, туку сака да разбере како тоа нешто дошло во постоење. Епистемологија е една друга наука која сега ги објаснува нештата. Епистемологија се нарекува објаснувањето и филозофијата која стојат позади она верување кое сакаме да го истражиме и објасниме. Оваа наука работи на докажување на нештата, но е објаснување, не и етикетирање.
И трето нешто кое Школава го користи како начин за доближување на спиритуалниот свет околу вас поблиску до вас, освен принципите на онтолошко и епистемолошко размислување е секако своја посебна методологија. Методологија се средствата за истражување кои ќе се применат при епистемологија (објаснување и докажување) на онтологија (на она што е).
Зошто денес објаснував што значи зборот СпиритуалЕ (спиритуализам)? За да ви докажам дека во спиритуалното нема ништо религиозно-догматски духовно!
СпиритуалЕ (Спиритуализамот) е целокупно метафизичко верување дека светов, Универзумот и сѐ околу нас е создадено од најмалку две супстанци, материја и спирит. Затоа и нашава Школа е школа за применета спиритуалност т.е. овде учиме како да го применуваме во земни и секојдневни рамки она во кое веруваме, а е почувствувано, видено, искусено од нас самите и ги надминува сите религиски граници.
Во рамките на спиритуалното учење како посебни гранки влегуваат многу учења и системи на верувања, но најпознати се:
– Спиритизм: движење кое го започнува Ален Кардек кој од своја христијанска перспектива го воведува поимот “реинкарнациска доктрина“ и вели дека спиритите на сите луѓе живеат во други реалми после смртта на телото и по некое време можат повторно да се вратат тука на Земјава. Тој вели и дека скоро секој може да комуницира со преминатите или не-преминатите, преку луѓе кои се нивни медиуми, канали. Со ова тврдење започнува ерата на сеанси за повикување на спиритот на умрените;
– Шаманизам: е религиска пракса која ја изведуваат луѓе наречени шамани, кои комуницираат за совет или имаат цели активни интеракции со спиритуалниот свет (претежно на животните и приците). Оваа комуникација за разлика од медиумите во кои влегува битието кое сака нешто да каже, шаманизамот ја постигнува преку вештачка промена на свеста со користење на разни природни опијати и сето тоа се слушува во целосен транс;
– Witchcraft: начин на живеење и верување кој ги вклучува проучувањата на елементите во природата и Универзумските енергии и сили од кои тој е сочинет и нивно активно комбинирање и користење за сопствени или пошироки потреби;
– Окултизам – знаењето кое е сокриено за земните луѓе, но е достапно за оние чиј ум ги преминува религиозно-догматските граници на размислување. Окултизамот сам по себе е учење, и не е ниту негативно, ниту позитивно. Во спиритуалните кругови секогаш сѐ, како и сѐ друго, зависи од човекот кој ги употребува овие знаења. Знаењето само по себе никогаш не е лошо, ниту добро, туку зависи за што ќе биде употребено. Личноста го бои, со својот карактер.
– Канализирање или медиум – практикување на паранормална способност за конектирање и контактирање со повисоки (или пониски) битија кои не се од оваа планета или свет. Личноста медиум може да биде во целосен транс, делимичен кога може да биде свесна за она што се случува, но сепак нејзината сопствена свесност ја нема и да биде целосно свесна;
– Езотерија – проучување на светот кој постои во нас како микрокосмосмос;
– Ексотерија – проучување на Универзумот и на Законите и силите од кои е составен;
– Алхемија – методологија на трансформирање и трансмутирање на личноста преку нејзин дисциплиниран и долгорочен раст и развој, кон своето највисоко и најдобро јас;
– Тарот – методологија на спознавање на состојбата на енергиите кои се во активно дејствие на Патот на личноста која работи со нив;
– Дивинација – употреба на паранормални способности на една личноста за поглед кон иднината на еден настан која има најголема веројатност да се случи, ако нешто не се промени.
– Теософија – еден аспект од епистемологијата за она што е СпиритуалЕ.
И за да нема забуни (не дека нема да има во иднина) овде ќе направиме споредба и ќе ги објасниме и трите најчести термини кои се мешаат во своето значење, спиритуализам, духовност и new age:
1) Спиритуализами Духовност– Спирит не е исто што и Дух. На македонски јазик збунувачки е спиритуалниот свет да се нарекува духовен. Зборот Дух, во молитвите доаѓа од зборот “Светиот Дух“, што на англиски и на латински која е христијанската пишана, религиозна основа е Holy Spirit или Spiritus Sancti. Кога на македонски јазик ќе кажеме “дух“ најчесто мислиме на умрен човек кој сеуште лута на земјава, не си отишол каде треба после смртта на неговото земно тело. Но, Спиритуалното го надминува светот на духови, кои всушност се ектоплазмични остатоци од Спирити кои не успеале во дадениот момент или не сакале целосно да преминат при смртта на нивното тело. Кога спиритуалист ќе каже “дух“ секогаш мисли на англискиот збор “ghost”, а не на “spirit”. Ако размислиме подобро можеби зборот “духовност“ би бил само еден дел од Спиритизмот, кој како што рековме работи со спиритите кои се заглавените во оваа реалност и кои од некоја причина не преминале.
Спирит е директно создание на Бога и можат да бидат родени како Спирит-деца на Бога или создадени како форма на најразлични суштества, растенија, птици, животни, риби итн. Сѐ што е живо и дише на свој начин е спирит.
Спиритуалист е човек кој е мистик, кој секојдневно или повеќе пати во неделата има активен, свесен и несвесен (буден и додека спие) контакт со сето она што постои надвор од неговата сопствена планета на живеење. Значи Спиритуализамот (СпиритуалЕ) е едноставно прифаќање, без толкување, ако нема потреба, на сите ентитети, битија, феномени, дејствија кои припаѓаат или не припаѓаат на овој свет и на видливиот дел од светлосниот спектар кој нашите физички очи може да ги восприеми. Спиритуалист може да ги види сите спиритуални нешта, создадени од Бога и со отворени физички и преку неговите спиритуални очи.
Спиритуализамот е филозофија на доживување на нештата такви какви што се и во дадениот момент не пробаме да ги разбереме, туку само одредуваме дали се од Светлата или Темната страна. Не постои вистински спиритуалист кој не знае дека во секое време мора да знае од која страна ги црпи своите способности и повикува битија, ентитети и моќ, според кое постојат Светли и Темни спиритуалисти.
Спиритуализамот не е религија и нема догма, нема една света книга. За спиритуалистот само неговото/нејзиното лично доживување е единствената вистина што во ток момент треба да ја знае. Единствени категории на спиритуалисти се: образован и не образован; помалку или повеќе образован и светол или темен. Не постои такво нешто како правилен или неправилен спиритуалист. Или можеш да гледаш, слушнеш, почувствуваш нешта кои не се од овој свет или не можеш, и можеш или неможеш да пројавуваш паранормални способности.
2) Спиритуализам и New Age – во дваесетиот век не-домородни западно-европски граѓани кои беа вклучени во контракултуролошки движења создадоа своја, лична мешавина на верувања и се нарекоа хипи или New Age движење. Ова движење е вештачки создадено и нема никаква врска со онтолошко верување на она што постои без почеток и крај или со било каква уметност на живеење. Спиритуализам е начин на постоење, пат на битствување, начин на живеење. New Age е движење родено како побуна против ореден вид на општествено уредување и неговиот политички и образовен систем и нема никаква врска со спиритуалниот свет.
Се надевам дека после вакво исцрпно објаснување ќе знаете да разликувате водечки медитации од медитативен начин на живеење; афирмации од вистинска грижа и работа на и за себе; мрзливи луѓе кои се магично се просветлуваат на ритрити или со опијати од образовани спиритуалисти со прочитани повеќе од стотина печатени книги и со став за светот околу себе и размислување додека се во првите борбени линии на Земјава, но со свесност која не е земна.
Да повториме:
– Спиритуалистите се оние кои можат да имаат своја религија, да немаат, да не веруваат во никаква догма, но сепак имаат лично искуство дека постои невидвив свет, Светлина и Темнина.
– Спиритуалист има активни, скоро секојдневни искуства на директна комуникација со целиот тој невидлив свет, без посредник. Религиските установи нудат посредник помеѓу личноста и вистината која треба, мора или е пожелно да ја живее, но не и да ја искуси лично. Религиозна личност може да биде спиритуалист, но најчесто доаѓа само до категорија на побожна личност, бидејќи нејзините спознанија не излегуваат од наметнатата рамка на државната религијата во чија држава е родена.
– Религија е институционализирана форма на живеење, однесување и размислување кое бара следбеници и подржувачи. Забранува верување кое излегува надвор од нејзината етика и политика на однесување и делување донесени со мнозинство гласови на совет составен само од мажи. И делува како стратешка и тактичка помош за владеење на државната власт во соодветната држава во која има свое претставништво.
– Во спиритуализамот немаме концепт на Карма. Овој концепт потекнува од хиндуизамот и е дел од религиски систем кој се практикува во азиските земји. Спиритуализамот има повеќе од седумдесет Универзумски Закони од кои само еден е Закон за Обврски.
– Исто така во Спиритуализамот како теорија не се работи со системите од Чакри. Ова повторно е концепт на размислување кој потекнува од хиндуизамот и според тамошните религиозни начини на верување е осмислен за потребите на лекување и исцеление. Во овие земји обдукција и допирање или операција на човековото тело е свернавење на човековото тело и затоа е осмислен систем на тркала, центри, чакри за да можат тамошните спиритуални учители со употреба на нивните спиритуални сетила да видат каде личноста има дисбаланс и потоа согласно со потребите и соодветна методологија тој дисбаланс и да се исцелува. Сепак во некои делови од своето учење ние работиме со и ја користиме енергијата од енергетските портали или вотрекси. Ова е истиот концепт на чакри со таа разлика што нам ни служат за комуникација со Универзумот и со точно определен дел од Спиритуалното единство.
– Спиритуализамот ги опфаќа сите релиски убедувања и уверувања како подлога за теоретска расправа, но не се задржува посебно на ниту едно кое не е лична вистина. Спиритуален човек има своја лична вистина која секој ден еволуира и се менува според коефициентот на светлина и нивото на свесност на самата личност.
– Спиритуалниот начин на живот не е ограничен, но има правила и морални и етички принципи по кои се водиме. Секој оној кој чепка во спиритуалниот свет сноси целосна одговрност, било тоа да го прави свесно или несвесно (водено од друг). Одговорноста и знаењето се најголема доблест.
– Спиритуален Учител е личност која може епистемолошки да ја објасни онтологијата во светот на спиритуалното и ако е потребно поседува соодветна методологија за да може кај својот ученик да ги потстикне неговите/нејзините сопствени паранормални, вродени способности и да го/ја научи како истите да ги употребува за свои, лични и општествени цели.
– Личност која не е запознаена со Будистичките или Хиндуистичките свети текстови и списи не е пожелно да употребува нивна терминологија, ритуали, техники, методи. Бидејќи таквата личност секогаш ќе го обојува учењето кое не го знае во суштината негова, според својата религија (најчесто христијанска) и ќе дојде до размислување кое е чисто субјективно, некоја сопствена полу-вистина, која најчесто е пострашна од едноставно погрешно мислење.
– New Age е движење, лична агенда, мешавина од православни и католички кодекси и традиции со филозофии на живеење од Истокот како што се хундуистичките и будистичките и сето ова помешано со шаманизам и употреба на опијати.
– Верба е кога имаш доверба и веруваш во Битие, Сила повисока од тебе дека ќе ти помогне во нешто.
– Вера е припадност на соодветен религиски концепт и доктрина.
***Недостатокот на спиритуално образование кај Учителите создава Ученици кои не се адекватни за никаква помош во човештвово!