Школа за Применета Спиритуалност – НЕКСУС
официјална веб-страна

Школа за Применета Спиритуалност – НЕКСУС

Добре дојдовте на официјалната веб-страна на Школата за Применета Спиритуалност – НЕКСУС!

Задоволство ми е да ви ја претставиме првата Школа за Применета Спиритуалност во која се надевам ќе најдете одговори на некои од вашите прашања од спиритуална природа што секогаш ве интересирале, а не сте можеле да си ги одговорите или да ги разберете правилно, доколку сте нашле некои одговори. Нашава прекрасна Школа ви нуди можност да се образувате во областа на Спиритуалното, Езотеријата, Ексотеријата, Алхемијата, Селестинската Светлина, како и во областа на холистичко Исцеление со помош на Реики енергијата како што се практикувала и се практикува до ден денешен во Јапонија.

Целта на создавањето на оваа Школа е да го вратиме оригиналниот начин на канализирање и исцеление со енергијата која е наречена Реики, како што Усуи Сенсеј тоа сакаше и ни го остави во наследство. И да се даде конечно место каде сето она што не сте можеле или смееле или не сте имале со кого да поразговарате, а е дел од светот на Спиритот и Спиритуалното (кое е поголемо од било кој религиски видокруг) да си прашате и да добиете одговор.

Soul Talk Reiki Ryoho
Што нудиме:

Во моментов нудиме проучување и систематско изучување на две техники на исцеление со Реики енергијата.

– структурирана како комплетна школа во која се изучуваат предмети од различни области, во три нивоа, во период од неколку години;
– оригиналната јапонска форма на исцеление со Реики енергијата какошто ја создал Усуи Сенсеј, и е истата од пред сто години;

Изучувајќи ги Реики техниките кои ги нудиме, на начин на кој се структурирани, ќе се впуштите во прекрасно, но сериозно и дисциплинирано долгогодишно патување низ јапонската култура и јапонскиот, оригинален начин на исцеление со енергијата наречена Реики.

Се надевам ќе си пронајдете нешто кое ве интересира или од кое имате потреба и храбро ќе се впуштите во патувањето кон постанување на својата најдобра верзија!

Love and Light,
Namaste!

Промоција на книга:

Прирачник за Реики, Усуи Сенсеј и Спиритуалните Учители

Play Video
Школа за Применета Спиритуалност – НЕКСУС

8 …“Во овој збор, кој е збор и за добредојде и за збогум, постојат многу вистини.“…

11 “Да кажеш “Намасте“ со понизност и со љубов, е да сфатиш дека постои величенствено единство коешто ги поврзува сите создадени нешта.“

Oracles of Celestine Light
Nexus 14: 8-11

Основната разлика помеѓу Soul Talk Reiki Ryoho и другите постоечки модалитети на Реики техниката кои се нудат во Македонија е тоа што Soul Talk Reiki Ryoho се заснова на изучување и практикување на Gokai, Byosen и Reiju. Ова се основите на Usui Reiki Ryoho како што Chujiro Hayashi Sensei ги научи од Mikao Usui Sensei и непроменети им ги предаде на своите ученици. Ова не е уште еден модалитет од изменетата форма на Hawayo Takata.

Usui Reiki Ryoho
Знаења и размисли
“Education is the most powerful weapon that you can use to change the world.”
– Nelson Mandela

поим и концепт: Спиритуалист и Спиритуална личност

Ќе започнеме со фактот дека не секој спиритуалист: го проучува спиритуализамот како филозофија; има свој спиритуален правец; практикува спиритуални техники. Но, секој кој ова вистински и правилно го практикува, може да кажеме дека овде станува збор за човек кој е спиритуалист.
Спиритуална личност и спиритуалист се малку различни нешта.

Продолжете...