Jikiden Reiki ®
直傳靈氣
- Што е Jikiden Reiki?
- Што е разликата помеѓу Jikiden Reiki и западната форма на Реики техниките?
Одговорот на овие две прашања најдобро е да го оставам да ви го даде самиот основач на Jikiden Reiki Институтот, Tadao Yamaguchi Sensei.
Во својата книга “Light on the origins of Reiki”тој вели: “И тогаш, во 1999 година мојата мајка, Chiyoko Yamaguchi беше спомената во една од книгите напишана од еден Реики учител кој беше многу познат во Јапонија. И ова имаше огромно влијание во целата Реики заедница, многу поголемо од она што јас и мајка ми го очекувавме. Луѓето беа фасцинирани да откријат дека постои некоја жена која директно од Hayashi Sensei има учено и уште позачудени беа дека таа тоа го научила кога била само 17 години и дека повеќе од 65 години секојдневно ја практикува Реики техниката!…Многу од луѓето ни велеа, нѐ поттикнуваа да почнеме да одржуваме семинари кои се оригинална реплика на оние кои Hayashi Sensei ги одржувал во 1930-тите. Првично ја отфрливме оваа идеа, но кога еден ден наслушнав еден колега на еден од семинарите во кои учествував, како зборува за Реики и тврдеше дека Реики “не е ништо посебно“. Тој продолжи да зборува како бил на едно-дневен семинар, но ништо не почувствувал и ништо посебно не научил. Потоа човеков ја изложи наставната програма на семинарот и јас навистина бев зачуден да слушнам колку многу овие семинари се оддалечиле од вистинскиот Спирит на она што е Реики. И ова ме натера да сфатам дека за нас, како Реики заедница, многу е важно да ги пренесиме оригиналните учења на Hayashi Sensei.
И ова беше прекршителниот момент за мене. Тогаш јас и мајка ми одлучивме да го основаме Jikiden Reiki Kenkyukai (Институт) и да почнеме да одржуваме семинари.“….
(„Light on the Origins of Reiki”, Tadao Yamaguchi, стр.17)
Основната разлика помеѓу Jikiden Reiki техниката и останатите западни и американизирани форми на Реики техники е токму ова: задржувањето и одржувањето на оригиналниот спирит на Usui Reiki Ryoho. Jikiden Reiki е најблиската, скоро оригинална, јапонска форма на основната мисла на Усуи Сенсеј која сакал да ни ја покаже создавајќи го неговото здружение Shinshin Kaizen Usui Reiki Ryoho Gakkai. Ова е истата онаа форма на канализирање и исцеление со Реики енергијата, што Usui Sensei ја предаде на Hayashi Sensei, а тој ѝ даде Reiju на Chiyoko Sensei, па таа го благослови својот син Tadao Sensei. И оваа линија на Usui Reiki Ryoho Учители, заедно со еден од најголемите Usui Reiki Ryoho историчари во светов денес, Frank Arjava Sensei го сочинуваат и неуморно го предаваат оригиналниот и навистина непроменет Спирит на Реики на Усуи Сенсеј онакако како што Усуи Сенсеј го осмисли со сите негови основни ставови, морални и етички принципи и желбата за “Просветление преку Исцеление“!
Самиот термин “јikiden“ спаѓа во групата на генерализирани поими за јапонците и како таков традиционално се употребува во говорот кога сакаме да опишеме од каде потекнува некоја боречка вештина. И вака употребен означува дека таа боречка вештина или тоа нешто за кое се зборува е “директно предадено“ или “непроменето пренесено“ и тоа директно во смисла кога Учител учи ученик, не поколение. Според ова, самиот институтот и техниката се наречени Jikiden бидејќи Tadao Sensei навистина се потруди, запишувајќи го сето она кое Chiyoko Sensei го правеше, најдобро што може да го репродуцира и реплицира Учењето на Hayashi Sensei. Иако денес е невозможно автентично да се репродуцираат семинарите како што се одржуваa за време на Hayashi Sensei кога патувал низ Јапонија, сепак Jikiden Reiki е најблиската форма до оригиналот на Усуи Сенсеј.
По смртта на Chiyoko Sensei 2003, Tdao Yamaguchi е на чело на Jikiden Reiki Kenkyukai, заедно со Frank Arjava Petter како подпретседател.
За да се сфати суштината на техникава битно е да се знае мала историја за нејзините основачи. Затоа еве мал поглед на животниот пат на Chujiro Hayashi и Chiyoko Sensei.
Chujiro Hayashi Sensei
Овде ќе дадеме почит и ќе позборуваме во кратки црти за личноста која е одговорна за проширување на Usui Reiki Ryoho надвор од границите на Јапонија, Hayashi Sensei. Како што веќе рековме Hayashi Sensei бил еден од офицерите на морнарицата кои Усуи Сенсеј ги запознал на состанок во нивната заедничка Асоцијација и е дел од Usui Reiki Ryoho Gakkai до раните 1930-ти. По барање на Усуи Сенсеј, но и подоцна (по смртта на Усуи Сенсеј), поради одредени несогласувања со тогашниот претседател на Gakkai оформува свој истражувачки центар Hayashi Reiki Kenkyukai (Hayashi spiritual energy research society). Овој истражувачки Центар станува прва Реики-клиника во којашто можеле да дојдат и да се исцелуваат и клиенти кои не се од Јапонија.
Хајаши Сенсеј бил роден во Токио, 15 септември 1879 година. Тој бил доктор во јапонската морнарица и неговиот последен статус таму е офицер. Во 1925 година, на возраст од 46 години, веднаш по неговото пензионирање, Хајаши Сенсеј постанува последниот инициран и сертифициран Shihan лично од Усуи Сенсеј. Поттикнат од Усуи Сенсеј да истражува како функционира сѐ и како исцелува Реики и притоа да ги забележува резултатите од тие исцелувања како медицинско лице, Хајаши Сенсеј отвора своја Реики-клиника во којашто имало осум кревети и шеснаесет практиканти. Клиниката била сместена во Shinano-machi во Токио и била секогаш исполнета со клиенти/пациенти кои имале разни болести.
Пациентите лежеле на кревети и на секој од нив работеле по двајца Реики-практиканти, со тоа што ако клиентот бил многу болен и требало да се терапира подолго време, учениците се менувале. Ова им било и шанса на учениците да спознаат што можат повеќе болести и дисторзии во човековото тело. И токму поради многуте пациенти и фасцинантните резултати од исцелувањата со Реики-енергијата, Хајаши Сенсеј создаде структурирани протоколи за исцелување на различни видови болести (особено за болестите коишто биле чести во тоа време), чиишто протоколи се користат и до ден-денес. овие протоколи се само средство за помош на почетници-практиканти, додека да ја развијат својата интуитивност според којашто понатаму се исцелува.
Секој месец, Хајаши Сенсеј држеше редовни семинари во Осака и Токио каде што го предаваше знаењето од Usui Reiki Ryoho, исто како што Усуи Сенсеј му го предаваше нему. Во интервјуата дадени за локалните весници, Хајаши Сенсеј изјавил дека создал и обучил тринаесет Reiki Shihan до 1938 година. Од 1936 до 1938 година, госпоѓа Hawayo Takata, Јапонка со американско потекло, ќе постане една од овие тринаесет сертифицирани Reiki Shihan. Госпоѓа Таката е одговорна за ширењето на она коешто денес е познато како Реики (на коешто се мисли само на техничкиот дел, не на спиритуалниот) низ цела Европа и Америка. Хајаши Сенсеј беше двапати повикан во Хаваи кај госпоѓа Таката, каде заедно држеле семинари и предавања и исцелиле многу луѓе, при што создадоа многу нови ученици на Usui Reiki Ryoho. И кога јапонската морнарица од него побара да им даде информации за Хаваи пред да го нападнат пристаништето Перл Харбор, Хајаши Сенсеј одбил секаква соработка и наредба. Секако дека тој во никој случај не можеше да учествува во убиствата на луѓето на коишто штотуку им предаде Светлина и Љубов. И затоа, знаејќи дека ќе го обвинат дека е американски шпион и ќе го измачуваат и него и неговата фамилија или ќе мора да учествува во нападот и да убива невини луѓе, Хајаши Сенсеј одбра чесна смрт, seppuku (hara-kiri). На 11 мај 1940 година, Хајаши Сенсеј умре чесно во присуство на неговата сопруга и поблиската фамилија. По неговата смрт, Реики-клиниката и институтот ги презема неговата сопруга Chie Hayashi, но немајќи свој наследник кога таа се пензионираше, целиот негов институт пропадна и клиниката се затвори.
Поради трудот и заложбите на Хајаши Сенсеј, Usui Reiki Ryoho се прошири насекаде во светот и да не беше тој, ние немаше никогаш да дознаеме за постоењето на оваа прекрасна спиритуално-енергетска практика и начин на живот кој нѐ води во Светлината.
Chiyoko Yamaguchi Sensei
На другата страна од светот, во Јапонија, освен госпоѓа Таката, постои уште една ученичка на Hayashi Sensei, која станува Реики-Учител и Shihan на непроменетата, оригинална Usui Reiki Ryoho, госпоѓа Chiyoko Yamaguchi. На 13 март, 1938 година, на само 17-годишна возраст, како подарок од нејзиниот вујко г-дин Sugano, Chiyoko Sensei добива платени семинари и образование во Usui Reiki Ryoho. И така, Chiyoko Sensei присуствува на петдневниот Shoden/Okuden семинар во својот град, којшто го води лично Hayashi Sensei. Бидејќи Chiyoko Sensei е израсната во фамилија каде што Реики е неизоставен дел од секојдневието и каде што секое исцеление се случува со Реики, таа за многу брзо време, за година и половина, станува Usui Reiki Ryoho Shihan. Поради љубовта и довербата во Реики и во исцеленијата со Реики-енергија и по постанувањето Shihan, Chiyoko Sensei активно и секојдневно, со целосна љубов продолжува да ја користи Usui Reiki Ryoho. И по 65-годишно искуство и секојдневно практикување Usui Reiki Ryoho, неизменето како што Хајаши Сенсеј ја научи, заедно со нејзиниот син Тadao Yamaguchi во 1999 година, го оформуваат Jikiden Reiki Kenkyukai (Institute) во Кјото, Јапонија. Овој Институт до ден-денес го сочува и го предава наследството на Хајаши Сенсеј и Усуи Сенсеј преку неизменето практикување и изучување на суштината на Usui Reiki Ryoho.
По смртта на Чијоко Сенсеј во 2003 година, нејзиниот син Тадао Сенсеј го наследува Институтот, каде до ден-денес е негов претседател. Jikiden Reiki Kenkyukai веќе со успешност ја предава прекрасната техника на Усуи Сенсеј и спиритуалниот Пат, којшто тој ни го остави во аманет за сите кои ќе се најдат во хармонија со неговото Учење. Биографијата на Чијоко Сенсеј и историјата на Jikiden Reiki може да ја прочитате во прекрасната книга „Light on the Оrigins of Reiki“, напишана од нејзиниот син Tadao Yamaguchi. Записи за нивните дела и биографија, како и за учењата коишто се изучуваат на семинарите на Jikiden Reiki, исто така, можете да ги најдете и во книгите на Аrjava Sensei, кој долги години поминал во нивно друштво и менторство.