Usui Reiki Ryoho
Најдобар начин да ја разберете основата на спиритуално-енергетската техника која оваа Школа длабоко ја цени и подржува и своите основи ги има во нејзините основни морални, етички и спиритуални вредности, е преку зборовите на самиот Усуи Сенсеј.
извадоци од книгата “Light on the origins of Reiki“ напишана од Tadao Yamaguchi (стр.64,65). Дел од прашањата публикувани во списанието Reiki Ryoho no Shiori, издадено од Usui Reiki Ryoho Gakkai
П: Дали Usui Reiki Ryoho исцелува само заболувања?
О: “Не, не само што методов е ефикасен во третирање на физички болести, тој исто така е многу корисен и при физички слабости и психолошки проблеми, како што е и траума. Иста така е доста ефикасен за исцеление на помалку тешки проблеми како што се страв, нерешителност, нервоза итн. Веднаш штом овие проблеми ќе се разрешат ќе се најдеш себе си во боженствената Буда-состојба на својот ум. И тогаш ќе бидеш слободен да можеш да исцелуваш и други и ова ќе ти донесе радост и тебе и на оние што ќе ги исцелуваш.“
- извадок од книгата “An evidence based history of Reiki – a selection of articles from “Reiki News Magazine” (стр. 32-38)
Микао Усуи објаснува зошто неговото учење е јавно:…“Од дамнешни времиња па до денес, кога некој ќе откриел или сотворил оригинално и мистично учење, тенденција било тоа учење да се пренесува само на неговите деца, правејќи го учењето привилегија на неговата фамилија и тврделе дека содржината на ваквите учења треба да се сочува како строга тајна во рамките на фамилијата, за да може во иднина да донесе финансиска независност на идните потомци. Ова може да се каже дека веќе е старомодна традиција од претходниот век. Денес апсолутно не е дозволено приватно да се монополизира едно учење во овој модерен свет кога ко-егзистенцијата и ко-просперитетот на човештвото се основа за лична среќа, како и за општествено-социјален развој.
Моето Usui Reiki Ryoho (Уметност на исцеление) е оригинална, никогаш претходно изучувана и без преседан, метода на исцеление. Токму поради ова, направена е за да биде достапна на сите, за доброто на целото човештво, како секој би имал шанса да биде благословен со овој дар од Небесата и душата и телото бидат едно и благосостојбата која ни е пратена од Небесата да биде постигната. Бидејќи мојата Реики метода е уникатна и оригинална метода на исцеление која се заснова на исцелителната моќ на Универзумот, личноста прво постанува физички здрава, па потоа здравиот разум и животните радости се значително зголемени.
Причината зошто сакам да го предавам овој метод јавно, во денешно време кога подобрувањето и реконструкцијата на нашите животи одвнатре и однадвор е примарна потреба, е да се спасат сите сограѓани од стресен ум, како и од болести и разни заболувања.“
П: Зошто и како функционира Usui Reiki Ryoho?
О: “Никој жив под Небесава не ме подучи на овој начин на исцеление, ниту пак студирав посебно училиште за да можам да ја добијам оваа мистериозна способност за исцеление. Јас сосема случајно сфатив дека ми е дадена оваа мистериозна способност за исцеление во моментот кога почувствував една огромна сила и бев спиритуално инспириран од таа мистериозна сила во времето додека постев. Затоа дури и јас како основач на оваа метода наоѓам за тешко да дадам подетално објаснување за нејзе.Научници и академци без престан истражуваа и сепак не можат со сигурност да кажат како делува Реики, но знам дека еден ден во иднината модерната наука ќе може да го докаже нејзиното постоење.“
П: Дали Usui Reiki Ryoho бара да практикантот поседува медицинска образование?
О: “Мојот Ryoho (метод на исцеление) не е базиран на издавање лекарства, туку е чудотворна енергетска техника која се издигнува високо над модерниве науки. Исцеление може да се случи дури и само со фокусирано гледање, дување, благ притисок, или галење на повредениот дел од телото, на пр. се третира главата ако се има проблеми со мозокот; стомакот ако имаме проблеми со абдоменот; очите ако проблемот е со очите итн. Значи заболувањата или дисторзиите можат да бидат исцеление за релативно кратко време и тоа без употреба на горчливи лекарства или моксибуксија. Сево ова е причината што моето Reiho (чудотворна енергетска техника) е уникатна и оригинална.“
П: И ете да кажеме дека можеме да ги исцелиме болестите кај другите, но дали можеме да ги исцелиме сопствените болести?
О: “Па како можеш да ги исцелиш другите ако не си способен да се исцелиш себе си?“
Кога се вратил дома после своето Просветление, Усуи Сенсеј многу работел на развивање и усовршување на новата способност за исцеление со Реики. И кога веќе доволен број пати видел дека секогаш третманот дава позитивни резултати решил да го сподели и умножи овој подарок од Небесата со сите луѓе. И така, со оваа прекрасна и благородна намера Усуи Сенсеј го создава Shin-Shin Kai-Zen Usui Reiki Ryо-Ho или во превод “Метод на исцеление со Реикито на Усуи за подобрување на состојбата на телото и умот“ и еден месец по своето просветление (април 19222 година) со фамилијата се преселуваат во Aoyama – Harayuki во централно Токио и го основа Usui Reiki Ryoho Gakkai (здружение).
Самиот Усуи Сенсеј беше првиот претседател на неговото здружение. Најголем успех на Усуи Сенсеј е што никогаш не дозволи Usui Reiki Ryoho да се сведе на култ или на секта, ниту пак да се почитува како религија.
Целта на здружението била да големата и моќна Реики се почитува како и што доликува и да се научи како истата да се користи за себе-исцеление, за исцеление на сите други, како и да се постави како Пат кон Просветление.