Школа за Применета Спиритуалност – НЕКСУС
Биографија

Моето име е Данче Велов и живеам и творам во Скопје.
Чест и задоволство ми е вака официјално да ви ја претставам мојата Школа за Применета Спиритуалност – НЕКСУС!

Денес, во светов постојат и те како прекрасни спиритуални методи и техники коишто се правилни и на вистински начин се спроведени од нивните достојни Учители. Овде не одиме спротивно овие прекрасни начини на себеспознание и исцеление, туку ви нудам само уште еден начин на кој вие можете да растете и да еволуирате во уште подобра земна и спиритуална верзија на себеси.

Во овој момент сум единствен и Главен Спиритуален Учител во рамките на Школата, но се надевам ќе дојдат прекрасни нови Учители со кои заедно ќе ја шириме Светлината и знаењето. Сите предавање, семинари, практична работа, пишување прирачници и скрипти за предметите во Школава ги водам и пишувам јас. Огромна благодарност до целиот тим на прекрасни души кои стои до мене и ме бодри во преземањето на овој проект за спиритуално образование на сите оние кои сакаат и имаат потреба од тоа.

Мојот спиритуален пат на себеспознавање започна пред дваесетина години и е Пат по кој сеуште одам. Јас сум креација составена од нитки на земно и мистично спознание, кое доаѓа од изучување и практикување на разни видови техники, методи и знаења од областа на спиритуализамот, компаративната религија и филозофија, алхемија и херметизам, езотерија и ексотерија, deep psychology (длабока психологија и патологија) според К.Г.Јунг, Гешталт психотерапијата, dark psychology, Реики техниките во нивната американизирана и во нивната оригинална јапонска форма, проучување на Тарот и архетиповите според Јунг и секако мојот личен спиритуален пат – прекрасните Учења на Селестинската Светлина на Јејшуа од Назарет.

Мојата биографија во проучување и практикување на Реики техниките би изгледала вака:

– (17.9.2018) Shiki Reiki Ryoho Grand Master (level 18), иницирана од прекрасната личност Anita Chiu, основач на своја сопствена школа Reiki Journey, Hong Kong и
– (10.7.2022) сертифициран Jikiden Reiki Shoden/Okuden практикант (10.7.2022) при Jikiden Reiki Kenyoukai – Kyoto, Јапонија, Институт којшто ја практикува оригиналната Usui Reiki Ryoho (техника) како што било во време на Усуи Сенсеј и неговата школа Shin-Shin Kaizen Usui Reiki Ryoho; со даден Reiju и под менторство на Jikiden Reiki DaiShihan/Daiko Frank Arjava Petter; а сертифицирано од Jikiden Reiki Kenkyukai – Kyoto, Јапонија, од страна на сегашниот Основач и Претседател, Tadao Yamaguchi Sensei.
Во превод ова значи дека на:
– 27/28.10.2012 во Германија, Реики-енергијата ме најде мене и тогаш сфатив зошто сум тука;
– 28.8.2014 година добив диплома Мастер/Учител од Aсоцијацијата „Реики“ од Белград, франшиза-Скопје, во Japanese Тraditional Reiki Gendai Reiki-ho;
– 17.9.2018 година, Anita Chiu дојде од Хонгконг за да може лично да ме иницира во последното (18-то) ниво во Shiki Reiki Ryoho, the Reiki Alliance со што постанав нејзиниот прв Shiki Reiki Grand Мaster.
Меѓутоа, сето ова е американизирана форма на јапонската Реики-техника на исцеление и сѐ уште чувствував дека нешто ми недостига. Чувствував дека има нешто повеќе, нешто подлабоко до коешто сѐ уште немам дојдено, а треба. И затоа, почнав да истражувам и да ги читам сите книги за Реики-енергијата и техниката, за Усуи Сенсеј, за спиритуалниот начин на живеење во Јапонија во тоа време, како би можела да ја спознаам вистинската Реики-енергија и така:
– 17.8.2021 постанав Jikiden Reiki Shoden-практикант на оригиналната школа на Усуи Сенсеј, Shin-Shin Kaizen Usui Reiki Ryoho, со даден Reiju и под менторство на Jikiden Reiki Shihan-kaku Angeliki Aoyagi Galiatsatou во Атина, Грција. Ова оригинално знаење е сочувано, предадено и сертифицирано од Jikiden Reiki Kenkyukai – Kyoto, Јапонија, од сегашниот Претседател и Основач Tadao Yamaguchi Sensei.
– (10.7.2022) го продолжив моето школување во Jikiden Reiki Kenkyukai (Институт) и постанав сертифициран Jikiden Reiki Shoden/Okuden-практикант со даден Reiju и под менторство на Jikiden Reiki Dai Shihan/Daiko Frank Arjava Petter.
-На 2.5.2023 година постанав Shihan Kaku (Assistant Teacher) Помошник-Учител за прекрасната оригинална Jikiden Reiki техника под менторство на Frank Arjava Petter, Arjava Sensei при Jikiden Reiki Kenkyukai (Институт), Кјото, Јапонија. Со ова сега сум овластен Jikiden Reiki Shihan Kaku и после две години интензивно практицирање и учење, Учител за прво Jikiden Reiki Shoden ниво.

-На 12.6.2024 година со Reiju од Arijava Sensei постанав Jikiden Reiki Shihan (Senior Teacher) со што можам да предавам и да одржувам семинари за Shoden/Okuden ниво.
-Сеуште Ученик во Jikiden Reiki Ryoho, техниката и во прекрасниот свет на Реики енергијата!

-Член на Интернационална Реики Асоцијација NPO-IJRA

 

 

А останатиот спиритуалниот дел од мојата личност е искован преку:

Мојата желба и цел е да моите знаења во сите овие области, онолку колку знам, ги предадам на сите оние кои се достојни да ги имаат и да ги научам како истите да ги применуваат во својот секодневен живот, кадешто и целото спиритуално образование мора да биде насочено и применливо. Школата ќе се потруди да ви предаде целосно апликативни и практични спиритуални знаења и да ве научи како вашите веќе комплетирани спиритуални верувања и убедувања да ги примените тука и сега, за свое добро и доброто на другите околу вас. Не после, не во идниот живот, туку тука и сега!
Вашиот иден живот зависи од вашите постапки и избори кои ќе ги направите тука и сега!

За сите оние кои ќе бидат дел од оваа идеја за ширање на Светлината на овој начин –
Добредојдовте!

Нека биде Светлина!