Животот и делото на Усуи Сенсеј во споредба со денешните “учители“
Животот и делото на Усуи Сенсеј во споредба со денешните “учители“
(делумно променет извадок од книгата/прирачник за Реики, Усуи Сенсеј и Спиритуалните Учители)
Микао Усуи е роден во време кога во Јапонија се случувале екстремни општествени, економски, политички и религиозни промени. Тоа било време на враќањето на Meiji-периодот, период кога Јапонија се отвора кон светот по повеќе од 200 години изолација. Од спиритуален поглед, во тоа време, но и до ден-денес, во Јапонија се почитувала култура и начин на живот којшто е наречен Шинто (Shinto). Во тогашна феудална Јапонија, спиритуализамот и боречките вештини одеа рака под рака и многу внимание се посветувало на спиритуалноста, на себесвесноста и благосостојбата на колективот. До пред отворањето на Јапонија кон светот во 1860-тите, луѓето со посебни вештини и способности биле многу ценети. Кога Јапонија ги отвори своите граници, нагло настана огромна културолошка и спиритуална трансформација на луѓето кои до вчера веруваа во свој сопствен Шинто. Многу брзо почнале да се создаваат многу нови спиритуални правци и филозофии како начин да се зачува старото, но не да се одбие новото. Новите религии и филозофии доаѓаа посебно од Кина, Индија и Индонезија и тоа: будизмот (особено тибетскиот будизам), таоизамот, конфучијанството.
Овде, веднаш да разјасниме дека учењето, коешто ни го претставува Усуи Сенсеј преку практикување и исцелување со Usui Reiki Ryoho, иако наликува на религиозно, сепак не е религија, ниту пак култ, туку едноставно спиритуално-енергетска техника, којашто има за задача да ја зголеми во тебе твојата сопствена верба во религијата и во Богот во кој ти сам си веруваш, дека навистина може да ти помогне. Самиот Усуи Сенсеј бил длабоко спиритуална личност и интелектуалец, кој имал разнообразно земно и спиритуално образование и искуство. Но сепак, како и повеќето од нас, почнува да ја бара суштината на постоењето дури откако доживува личен крах и банкротирање на бизнисот. Во тој момент од својот живот, Усуи Сенсеј навистина сфаќа дека ништо земно не е вечно и на крајот од денот и не е толку важно.
Но, што е важно, ако не ова?
Што е поентата на животот ако сѐ мора да се распадне?
Ако го проучиме системот на Usui Reiki Ryoho, ќе видиме дека во него се испреплетени сите прекрасни морални и етички принципи на бивањето човек што тогашните и тамошните религии, филозофии и верувања ги понудиле во своите школи и храмови. За разлика од моралот и етиката во нашата земја, каде што на еден човек му е сосем доволно да размислува од стојалиште само на една религија (и тоа само ако се мора), Јапонците за своите потреби на спиритуално живеење, коешто би било во хармонија со Мајката Природа и со Универзумот, користеле мудрости и знаења од многу различни религиски списи и филозофии, индивидуални и традиционални верувања. Тие всушност, го практикувале сето она коешто е убаво за нив и коешто би им помогнало за подобро и полесно исполнување на нивните и на општествените секојдневни задачи и цели и тоа се додека тие дела им носат просветлување и ним и на другите. Ако во случај не го пронајдат својот мир по кој трагаат, практикувајќи одредена метода, начин на размислување, техника, спиритуален правец или религија, тогаш тие сосем нормално го напуштаат тоа учење и бараат ново знаење коешто би било повеќе во хармонија со нивните спиритуални или здравствени потреби.
Во Јапонија, по Втората светска војна, преку новиот империјален режим, будизмот станува државна религија. До Втората светска војна, во Јапонија никогаш немало „државна религија“. Луѓето, како што веќе реков, си верувале, практикувале и се молеле на она коешто знаеле дека е во хармонија со нивната сопствена Душа, си имале свои индивидуални Шинто-фолозофии на верување и живеење. Но, по влезот на културата од Кина во Јапонија, будизмот станува државна религија, а Шинто (којшто начин на живеење дури тогаш го добива ова име, дотогаш на никој не му требало етикетирано верување) и индивидуалните спиритуалисти, луѓе со посебни паранормални дарби, почнуваат да се прогонуваат, потиснуваат или да им е наметнато да се приклучат во некоја од будистичките школи. Па така, и Усуи Сенсеј како човек кој живеел во тој период, најголемиот дел од неговите езотерични знаења и учења се темелат на основите од Tendai Mikkyo, филозофијата на езотеричен будизам (Esotheric Buddhism).
Знаејќи го сега овој податок, се надевам дека кога ова ќе го прочитате, ќе сфатите, ќе разберете дека спиритуално-енергетските техники, сите од нив, се темелат на основите на езотерија, ексотерија, херметизам, алхемија и длабоко спиритуално знаење низ коешто поминал и самиот Усуи Сенсеј. Не можеме да се замислуваме дека сме спиритуалисти, доколку не можете да се одвоите од македонската државна религија, којашто во овој момент е христијанството и да го надградите своето знаење со отворено срце и ум за сето друго коешто постои околу вас. Колку од нашиве македонски практиканти на спиритуално-енергетска техника се вистински спиритуалисти? Колку т.н. исцелители знаат дека тоа коешто го прават има потекло во езотеријата и окултното?
Информацијава и не е така страшна, ниту пак, е нешто ново за оние кои барем малку читнале нешто за езотерија, спиритуализам. Но, во моментов ги замислувам лицата на неуките кога ќе прочитаат дека во Реики-системите се врши повикување енергија, со учења коишто длабоко припаѓаат на езотеријата, будизмот и окултизамот и притоа имаме употреба на езотериски ритуали коишто се основата на кое било спиритуално-енергетско исцеление!
Понекогаш се прашувам дали т.н. „био-енергетичари“, „исцелителите“ со незаслужени сертификати, главните на центрите за развој, „гуруата“ кои најчесто околу нив имаат скоро-па-полнолетни „просветлени ученици“, самопрогласените пророци, знаат што и кој ги чека додека пеат некакви побожни песни на не знам кој Бог и мислат дека исцелуваат? Дали навистина знаат што канализираат? Дали навистина мислат дека ќе нема реперкусии за нивните дела на маката на оние кои ги манипулираат и свесно ги канат и врбуваат во цркви изградени од невладини организации каде што влез чини како за елитна про-ротшилдова собиранка? Дали луѓево тука, во нашата држава се навистина група овчички кои блеат по некоко кој им вели дека тие не мора ништо да прават за себе, тој ќе ги исцели? Дали навистина постојат луѓе кои мислат дека ако упорно и свесно грешат (од понеделник до четврток и за викенди), дека ако донираат во нивната црква голема сума на финансии (обично петочки), некако Бог ќе станат магично глупави и нивните долгови и гревови ќе бидат отпишани, за да направат нови кога ќе излезат надвор од просториите на институцијата за молитви?
Баш би била интересна средбата на ваквите луѓе со нивниот господ на кој му се молат…
Туку, да се вратиме ние на Усуи Сенсеј… значи Tendai Mikkyo е езотеричниот дел од Tendai Buddhism, чијшто темел е прекрасната и совршена Lotus Sutra. Lotus Sutra е писмена форма, упатство за постигнување највисоко просветлување. Ова е најдлабокото и највозишеното знаење до коешто дошол историскиот Буда, Shakyamuni, Gautama Buddha. Во процесот на своето прилагодување, во Јапонија се создава јапонски будизам како една прекрасна симбиоза на постојниот систем на верувања и обичаи, Шинто, и тибетскиот будизам. Уште како дете, Усуи Сенсеј го изучува будизмот и тоа Pure Land Buddhism во Terakoya училиштетo во Jodo–Shu будистички храм. Во своите подоцнежни години, го продолжил своето школување во истата насока, за на крај да станува Tendai-свештеник (Zaike). Од ова гледаме дека Усуи Сенсеј навистина длабоко ја познавал суштината на будизмот и учењето на Guatama Buddha, до тој степен што кога не успеал да постигне просветление на ниту еден друг начин, тој на крај ги следи стапките на Сидарта Гуатама пред неговото постанување Буда.
Во овој момент од пишувањево, би било убаво да ви предочам еден прекрасен факт кога станува збор за кое било езотерично учење. А тоа е дека секое знаење, особено од областа на спиритуализамот, ако е правилно, секогаш доаѓа по точен ред и редослед утврден од еволуцискиот пат на самиот Спирит. Секое знаење, за да може да биде убаво разберено, сфатено и аплицирано во практика, мора да се движи од помало знаење кон следното поголемо знаење. И ова никогаш не може да биде ниту во обратен редослед, ниту со прескокнувања на некои знаења коишто случајно не ни се допаѓаат. Секое знаење е скалило за следното. И добриот ученик секогаш прво мора да стекне стабилна фрекфенција на вибрирање на себеси за да може да го поднесе нивото коешто му следи, а коешто неминовно според Законот за вечна Прогресија, мора да се случи. Верувам дека оваа констатација нема многу да им се допадне на оние кои мислат дека навистина практикуваат Реики-техника со техниката за којашто одвоиле само еден викенд, а за која немаат ниту учебник, ниту знаење. Или пак, на оние кои мислат дека со земање и консумирање разно-разни опијати, марихуана, тревки, печурки, “македонски начин“ на консумирање ayahuaska, можат да доживеат вистинско спознание и просветление, додека прават таков short cut во нивниот сопствен еволуциски процес.
И, бидејќи Усуи Сенсеј беше вистински Учител, неговите ученици мораа да еволуираат во своето знаење и спознание по природен, спонтан и светол пат. Тие морале да практикуваат определена метода, вештина или да се образуваат во определен текст, додека навистина не разберат што читаат и што всушност практикуваат, па дури тогаш би им бил овозможен пристап до наредното, повисоко знаење и дури тогаш Усуи Сенсеј би им доделил нова задача.
Знаете зошто најчесто луѓето не напредуваат спиритуално, а имаат прочитано еден куп книги и посетено десетици различни семинари за некоја спиритуално-енергетска техника? Затоа што само голтаат, а никогаш не џвакаат, ниту пак, прашале со што тоа ги хранат! Дури и некој да има пари да ги купи сите книги на светот и да отиде кај сите Учители, никогаш нема да напредне ни милиметар во својата човечна и спиритуална прогресија, ако не разбрал што е тоа коешто го пишува внатре во книгите и што е тоа за коешто му говорат Учителите. Нема знаење без разбирање.
И затоа секогаш кога ќе сретнам некој кој не го разбира тоа што го зборува, коешто го предава на своите ученици, а за коешто зема пари и се нарекува себеси учител, веднаш знам колку „тежи“ неговата диплома и како е добиена. За жал, многу често луѓето брзаат да се просветлат, што самото по себе е парадокс, бидејќи не постои инстант-просветление. И од таквото брзање да соберат дипломи и нивната недоволна информираност, ароганција или комплетна игнорантност, имаме исцелители и спиритуалисти кои безскрупулозно ја искористуваат маката на другите.