Серија блогови како обид за поправки на мисномери на македонски јазик
во областа на Спиритуалнизамот и спиритуалното
misnomer (eng.)
збор од Англо-Норманско Француско потекло; старо-франциски збор mеsnomer составен од зборовите mes=погрешно и nommer=да се даде име на нешто (од латинскиот збор nomen=име)
мисномер #1 “внатрешно дете”
Исцелување на “внатрешното дете“
Во моментов како и многу други мисномери и рекламен спиритуален материјал за правење пари понабрзина, се семинарите и техниките за многу сомнително спиритуално и енергетско исцеление на “внатрешното дете“. И лично сметам дека ова е едно од најтипичните клишеа кај нас за да на некому да му го трошиме времето и парите (за енергетско исцеление).
Концептот на психотерапевтско исцеление на Inner Child разбран и сфатен од појдовна точка на културата која го развила како концепт, го нема истото значење кога се користи кај нас. Кога Јејшуа им говореше на своите Апостоли и ученици дека треба да бидат како деца и дека треба да го зачуваат детето во себеси, токму тоа и го мислеше. Значи, inner child или the child within ги симболизира квалитетите кои ги има едно дете, а кои се толку прекрасно невини и секого го исполнуваат со среќа и радост. Кога Јејшуа говореше за “детето во вас“ не мислеше да станувате на два саата и да плачете за млеко од градата на мајка ви на 50 години! Туку кога ќе пораснете и кога ќе го видите светот преку призмата на возрасен човек кој пати и има еден куп предизвици, да не го загубите чувството на внатрешно смирение и знаењето дека може и да си среќен без причина. Дека сеуште можеш да си го бакнеш партнерот и да го гушнеш апсолутно без никаква задна намера, да бидеш чист како дете во своите дела, зборови и мисли. На ова мислеше Јејшуа, на ова мислеше и Јунг кога го оформи архетипот на Divine Child, Боженствено дете, како што е всушност оригиналниот назив. Не на разгалени 40,50,60 годишни мажи и жени кои имаат оправдување да изневеруваат и да не си играат со другарчињата нивни оти им се лути!
Сфаќате сега што се случува кога ќе се спојат злоупотребата на еден првично прекрасен концепт со манипулативен и игнорантен ум на алчна личност за брзи пари?
Ваквите продавачи на психологија и спиритуалност се исти како лихварите и продавачите на жртвени животни пред храмот во Ерусалим. Преку слаткоречие на клиентите кои имаат уши за нивните зборови, им се нуди само уште еден изговор за да се прават неспособни возрасни и да не превземат одговорност за своите одлуки.
И затоа сметам дека концептот на работа со некакво внатрешно дете скоро никогаш не е позитивен концепт за спиритуална (а можеби и психолошка) работа. И сметам дека оваа фраза е само уште едно клише кое дава дозвола за влез во магепсан круг на ставање преголем акцент на себеси и создавање на една патолошки потребна посебна зона каде на возрасен човек му е дозволено без реперкусии да се однесува како дете.
пр: “Ама не можам јас сега да ги чувам децата, морам да работам на моето “внатрешно дете“;
“А мене кој ќе ме чува?“
Навистина!?
А кој треба да чува здрава, способна, воздрасна и до некаде образована личност?“
Ова мене не ми личи на никакво исцеление на “внатрешно дете“, ова е стратешко создавање на “Петар Пан“ патологија! Ваквите квази-исцелителни методи го убиваат растот и созревањето на една личност во возрасен човек со одговорност и последници од своите одлуки и создаваат нови Петар Пановци/ки!
Убавината во пратнерските односи ја има само ако сме во хармонија и синхронизација со партнерот, но не и ако сме направиле бизнис-понуда за одгледување на возрасни луѓе со внатрешни деца, што утре треба на овој свет да донесат навистина човечко битие кое е дете. И затоа денес семејствата се бизнис-понуди за место на лечење комплекси и одгледувачници на возрасни деца од страна на деца-родители.
-
еве неколку причини зошто не може да постои такво нешто како “внатрешно дете“: