Себељубов; Self-First
“Лесно е да сакаш некого, но да го сакаш она што си, она што го нарекуваш “Јас“ е како да гушкаш вжештена пегла; и таа те гори и ти ја гори кожата и влегува во тебе, а тоа е ужасно болно. И затоа самото сакањето на некој друг секогаш е бегство на кое сите ние се надеваме. Но исто така и бегство во кое може да уживаме, ако сме способни за тоа. Но на долг рок, неминовно е а да не си се вратиме повторно кон себеси. Не можеш засекогаш да бегаш од себеси.
Мора да се вратиш, мора повторно да го направиш тој експеримент; да спознаеш дали навистина можеш некого да сакаш.
Ова е основното прашање – дали можеш да се сакаш себеси?
Ова е и тестот.“
-Карл Г. Јунг
Ова е една од основните квалитети што треба да ја поседува личност која планира да се занимава со спиритуалнот!
-
Зошто љубовта кон себеси е битна?
Наметнатото верување (што религиско, што општествено-колективно) дека човек е себичен ако се сака себеси и дека не е убаво да мислиш за себе бидејќи мора прво да се грижиш за сите други, всушност не е ниту правилно, ниту праведно, ниту пак нѐ води кон долг и здрав живот.
За да не се разбереме погрешно, овде не зборувам ниту за патолошка себичност, нарцисоидност, ниту за егоизам, егоцентричност, психопатија или било која друга патологија на самовреднување на својата сопствена персона. Не зборувам за себична љубов кон себеси. Туку зборувам за Света Себичност, за Себе-Прв-љубов (Self-First). Self First е несебична љубов кон прво себеси, а потоа кон сите други. Кога се сакаме со ваков вид на љубов ние прво ќе си земеме време за себе, па потоа ќе отидеме да ги стокмиме останатите кои зависат од нас или им треба нашето внимание.
Себе-Прв е вид на љубов кој ни дава време да си ја дадеме потребната љубов, внимание и грижа на себеси како би останале во баланс, со минимална дисторзија на своето однесување или здравје, да постигнеме едно оптимално ниво на среќа, сопствена среќа па потоа да ги завршиме сите останати обврски. И само од ваква позиција, со ваков карактер една личност може да биде здрава за другите и за себе. Само од оваа појдовна точка луѓето нема да се повредуваат себеси, и нема да останат недоречености, нема неискажани зборови, нема гнев…има почит и има храброст да се стават здрави граници и доволно смирение за да го испратиш некого кај што му е местото (ако има потреба и за тоа).
-
Зошто само личност со ваков карактер може да припаѓа на Светлината и да биде добар, праведен и светол спиритуалист?