извадоци од прирачникот за “Реики, Усуи Сенсеј и Спиритуалните учители“
-
Што не е Реики-третман?
Една од најважните нешта за секој еден практикант на оригиналната Реики метода, Usui Reiki Ryoho е да научи и да сфати што не е и никогаш не беше спиритуално-енергетски третман со Реики-енергија. Некако, со текот на годините, поради недостиг од спиритуално образование и спиритуална терминологија во Македонија, увидов дека луѓето овде не разликуваат спиритуално-енергетски техники од различните форми на гатање, баење и дивинација. Иако во нашава држава ова многу и не се почитува: спиритуално-енергетските техники се изучуваат преку активно посетување соодветни семинари, предавања од одлични учители, искусни во тематиката и практика и образование преку читање и проучување многу различна спиритуална литература.
Прво мора да се разбере дека Спиритуалисти се оние луѓе кои се занимаваат со проучување, разбирање, манипулација и апликација на енергиите од кои е создадена планетава и Универзумот. И овде важно е да се разбере дека сите практиканти на спиритуално-енергетска метода треба да се спиритуалисти, не сите спиритуалисти практикуваат техники и методи. Мислам дека тука настанува проблемот. За да некој знае да бае, да гата, да гледа на нешто, во нешто, да прави магиски дејствија кои исполнуваат желби на не многу светол начин, да треба да има познавање од еден дел на спиритуализамот како генерализиран назив како би го повикал и употребил она што му треба за да ја исполни својата или туѓата намера или желба. Но ова не е техника, не е метода, не е систематизиран начин на повикување и канализирање на секогаш само еден исти вид на енергија, на секогаш еден и исти начин. Во спиритуално-енергетскуте методи и техники има наука, има уметност, има начин на живот, има структура, хиерархија, правила, прописи, доследност и посебно образование.
Затоа многу, многу пати нагласувам дека со Реики енергија е енергија. Со оваа енергија се исцелуваат болести, физички, психолошки и емоционални. И оние практиканти кои се обучени за тоа, тоа и го прават успешно. Реики енергијата не се комбинира со масажа, со баење, со гатање, со местење. Не дека не може, луѓето можат да прават што сакаат, но затоа и јас пишувам. Да знаете дека Реики е Универзумска енергија која е дојдена и се повикува за да се исцели нечија болест, ако е по Божја волја, не е масло за масажа и не може да се купи за 100евра.
Запомнете дека кога одите на семинари вие ниту ја купувате Реики енергијата, ниту способноста за канализирање и исцеление. Она што е Божје не може да се купи, само може да се добие на подарок од некого кој тоа го има веќе во себе како подарок. Не може учител да ти даде нешто што нема, па колку сака дипломи и сертификати нека има. На семинарите плаќате за времето на учителот и за парче штампана хартија. Но после…после треба да канализирате енергија која Усуи Сенсеј ја знаел како Реики.
Секако дека постојат прекрасни луѓе кои тивко добиле способност која како благослов се пренесува од колено на колено и навистина знаат и да баат и имаат визии за можна иднина. Но тоа не е спиритуално-енергетски третман. Едното се пренесува генерациски од колено на колено, а другото е соодветно школување. И затоа надокнадата за едното е различна од цената на третман.
Друга карактеристика по којашто се издвојува еден спиритуално-енергетски третман, без разлика дали е со Реики-енергија или некоја друга, е тоа што се работи тимски. Нам ни е потребно активно и секојдневно учество на клиентот во својот спиритуален раст и развој. Реики-Учителите никогаш не смеат сѐ да сработат за својот клиент. Додека работиме ние создаваме можност и услови клиентот сам да се исцели себеси и да си дојде до својот сопствен баланс, до своето сопствено нормално.
Реики-техниката не е чистење на кармички долгови. Значи нема за цел да ги отплаќа и спасува луѓето од нивните спиритуални долгови и последици на претходни одлуки, особено не ако клиентот не сака да се промени ниту во своето однесување, ниту во својот карактер. Со практикување на Реики-третманите нема пократок пат до просветление. Никогаш не ни постоело такво нешто! Токму затоа, Реики-третман нема цел, ниту пак може да ја промени судбината на клиентот.
Исто така, Реики-третман не е замена за лекарства препишани од психијатар или доктор, кои легитимно мора да се земаат поради присуство на болест или растројство. Дури во некои потешки случаи, спиритуално-енергетски третман е возможен само доколку клиентот редовно си ги зема своите лекарства.
И најважно од сѐ е дека Реики-исцелителот или практикантот, при самиот процес на исцеление ништо свое не смее да ви даде, ниту пак ваше да преземе. Ако случајно некој практикант кој ви вели дека практикува Реики исцеление и преземе нешто од вас или вие од него, тогаш тоа не е Реики исцеление, Реики енергијата е сама и секогаш еднонасочна!
-
Што е Реики-третман?