Школа за Применета Спиритуалност – НЕКСУС

Од Општество до Скршена Личност, до Преживеан и повторно назад во Општеството (труд во форма на постер)

viber_image_2025-10-01_23-40-12-644

Од Општество до Скршена Личност, до Преживеан и повторно назад во Општеството

(труд во форма на постер)

 

Објаснување на трудот-постер

Намерата на овој постер е да претстават три општи сценарија на реакции, последици и професии (доколку личноста не одбере себе-убиство), кога некој е жртва на домашно физичко и сексуално насилство т.е. три сценарија на генерални последици од Траума и трауматски настан.

До препознавање на овие три сценарија дојде како резултат од мојата работа со клиенти во период од 2014-2024 година на ниво на Р.Македонија и македонските семејства.

               Самите податоци прикажани во постеров, а особено плавиот квадрат се резултат на анализа од 100 најтешки приказни (до тој момент) кои ги имам слушнато од моите клиенти (од околу 900 клиенти до тој момент).

Сценарија се всушност патерни на однесување кои ги препознав како гешталтистички Циклус на Доживување на трауматскиот настан и развој на Траума кај жртвата. Кога ја создавав мојата книга Создавање на еден гешталт и го проучував концептот на гешталтистички Циклус на Доживување преку кој идните психотерапевти учат да разликуваат модификации во однесувањето, прекини во доживувањата и создавање на завршен или незавршен гешталт, увидов како кај жртвите на Траума и траума, прекините во нивниот циклус на доживување на еден или повеѓе трауматски настани всушност механизми на одбрана и преживување. И иако прекините се основа за патологија и дијагноза, сепак ова правило не важи во абнормални услови и се сосема нормална реакција на абнормален настан. Но, Траума која сепак поради постоење на контекст, карактер и темперамент кај преживеаната жртва се пројавува со свој релативно прецизен редослед на последици.

Значи увидов дека моите клиенти и воопшто луѓето кои имаат поминато и преживеано низ сексуално и/или физичко злоставување во потесното и пошироко семејство имаат т.е. нивниот организам, на сите нивоа произведува точен и специфичен свој круг на доживување на последиците на целиот трауматски настан т.е. на Траумата. И без разлика на пол, години, раса, верување, минато, организамот на жртвите реагира многу слично и тие постануваат иста категорија – луѓе со скршени личности.

Моите увиди ги организирав во Три Циклуси на Доживување на трауматскиот настан и опстојување наТраумата во организамот на жртвата. Истите ги нареков Пат на Траума и трауматски настан или ПТТ според Данче Велов.

Но пред да го погледате постерот прво треба да ги објасниме следниве поими: траума, Траума и стрес. Иако имам говорено за ова на неколку мои предавања и пишувано во еден од есеите во мојата книга Создавање на еден гешталт сепак битно е да се знае разликата меѓу гореспоменати поими.

  • Стрес  

Стресот е психолошка и хемиска реакција која се одигрува во организамот кога ораганизамот, поради одреден стресор е соочен со оптеретување на своите можности за одбрана кои му ги нудат неговите моментални одбрамбени механизми и способности. Стресот е посекојдневна реакција на телото на настан и всушност ако знаеме да го протолкуваме, понекогаш и ќе ни послужи да увидиме три многу важни нешта. Стресот е:

црвено знаменце дека нешто не е во ред;

– нашиот прв одбрамбен механизам и;

прв и почетен стадиум на процесот на организмичка себе-регулација и враќање во внатрешна биолошка и хемиска стабилност, која се случува преку нервно празнење со испуштање на каскада хормони и активација на неуротрансмитери како: хистамин, адреналин, кортизол и допамин. Оваа хемиска промена најмногу е телесна и реагира како кочница и рамнотежа во телото и му овозможува соодветна и навремена реакција за одбрана и рестабилизација.

Стресорите можат да бидат од било кој вид и без разлика дали опасноста е реална, ирационална или преувеличена. Во телото сепак е започнат одреден хемиски процес кој одговара на дразбите кои личноста многу реално ги чувствува.

Стресот може да е акутен или хроничен. Акутен стрес е моментален, краткорочен одговор на телото и на личноста за опасноста која доаѓа или во која се наоѓа. Хроничен стрес е активација на точно одредени стрес-механизми кои остануваат активни на подолг временски  период бидејќи личноста е изложена на стресори кои не можат да се избегнат или не ги препознава како такви или пак врз нив нема никаква контрола. Кога телото или личноста има континуиран стрес кој не се резрешува, тогаш на телото или на некој дел од личноста ќе биде предизвикана значителна штета, па дури и перманентно оштетување.

Но, ова сепак стресот не е траума и Траума бидејќи последиците од стрес не го менуваат базичниот карактер на личноста и биохемијата и енергетското поврзување на синаптичките врски во мозокот.

  • Траума, траума, трауматичен настан

Настанот кој ни се случува е трауматичен – трауматичен настан.

Траума е лузната (оштетувањето) која следи после таков настан и која останува во нас на секое ниво од нашето тело, во секоја клетка, во секоја секунда од нашиот живот сѐ додека сме живи. Траумата комплетно ја менува личноста, во суштината на своето првобитно, оригинално Јас. Траумата ја замрзнува личноста во просторот и времето на трауматичниот настан. Затоа и кога еден настан го нема овој замрзнувачки ефект, го дефинираме како појак стрес, но не траума. И за разлика од стресот, каде можеме и ние самите одвнатре да си се потресиме, Траумата и траумата секогаш се последица поради дејствие, акт на надворешен стресор. Ние самите никогаш не можеме да си нанесиме траума или Траума. Не може да се истрауматизираме ние самите – туку си правиме стрес.

При траума и Траума нашиот Селф се променува, се замрзнува или комплетно престанува да постои. Кога сме под стрес и лути не ни е битно кој и дали ни веруваат или не. Во овој случај најчесто сакаме да бидеме сами или да се издуваме некаде, со некого, на некого и после сме исти, животот продолжува понатаму. Но после Траумата не продолжува истиот живот. Трауматскиот настан нѐ менува. Никогаш повеќе не сме исти и животот не ни продолжува понатаму.

За Траума да се создаде мора да постои настан кој ни се случил, било еднократно или е хронично, постојано злоставување, но настан , дејствие, злодело врз нас мора да постои. За разлика од Траума (со големо “Т“), траума (со мало “т“) се случува во човековиот организам како реакција на сите убави работи кои на едно дете требало да му се случат, но не се случиле. Кога едно дете очекува да биде гушнато, сослучано, видено, нахрането, погалено, а тоа не се случува, и ова е секојдневен настан или доста нередовен настан, детето развива сосема поразличен систем на размислување и мозочните бранови сосема подруго се вмрежуваат како тоа дете сега веќе не живее, туку преживеува. Неговиот нервен систем и мозок сега имаат сосема подруга хемија која е соодветна за негово секојдневно преживување во услови кои не нудат живот и кои константно го учат дека е сам, не е сакан, неможе да биде сакан т.е. услови кои му врежуваат убедувања и уверувања за кои детето учи дека за него тоа е неговата реалност. Затоа Траума не е само она што ни се случило, туку и на она што не се случило, а требало да се случи (убавите нешта, вниманието, љубовта, припаѓањето некаде). Траума е живот кога никој нема, никој не е тука, никој не те гледа… сѐ е застанато, сѐ е замрзнато, а ти само календарски старееш. Но не растеш и не созреваш.

 

Траумата е најлош вид на незавршен гешталт.

Таа е замрзнат гешталт (Д.Велов). И ваквиот вид на гешталт има длабоки интерференции во донесувањето на добри и правилни одлуки пред сѐ за себеси, за видот и начинот на кој воспоставуваме контакт со себеси и со другите, за сопствените верувања и убедувања за себе и светот околу нас.

Луѓето со Траума не постојат тука и сега, туку остануваат “таму и тогаш“, скоро засекогаш. Затоа и најчесто нивната меморија е фрагментирана и без временски континуум. Но сепак најлошо кај Траумата е што во замрзнатиот гешталт не хибернираш, не одмараш, не се тоа пет-шест дена пауза. Туку мора да работиш, да преживуваш, да го будиш мозокот секој ден и секој ден своето тело да го праќаш надвор за да печали пари. Но во исто време твојот мозок не работи, а твоите емоции ти велат дека е подобро да те снема.

При Траума т.е. во Траума-гешталтот не постои сегашност, ниту пак иднина. (Д.Велов)

На македонски јазик увидите мои се претставени како Пат на Траума и трауматски настан или ПТТ според Данче Велов (ПТТ на Данче Велов) (случајната метафората е интересна) или Trauma, Aftermath and Healing Paths (TAH paths) во англиската верзија. Секако при мој превод на моите увиди не одам никогаш буквално, туку соодветно транслитерирано.

дообјаснување 1: Во постеров кој го гледате пред себе ќе пронајдете состојби како контраволјата, која ја воведувам како прва заштита (сосема несвесна состојба) и за прв пат во литературата го воведувам поимот криолиза (kriolysis) на личноста.

 

Следниве три сценарија обработуваат Траума, значи има и се случило трауматски настан и затоа трудот започнува со опишување на секогаш иста основа за Траума – напаѓач, агресор т.е. предаторот кој доаѓа од надвор, од нашата најблиска и поблиска околина. Потоа во постерот гледате дека се претставени три жолти квадрати, три сценарија кои имаат исти почеток – скршена личност поради трауматскиот настан и понатаму се разликуваат според:

  • начинот на кој личноста пробала да се одбрани после своето прво НЕ;
  • aftermath/последиците кои ќе ја снајдат личноста поради начинот на кој инстинктивно се бранела (кој зависи од нејзиниот карактер, животно искуство и темперамент) т.е. како жртвата изреагирала на настанот;
  • ако преживеала жртвата, како ѝ е потребно да се стабилизира и да почне да се себе-регулира; помош во преживување и враѓање во живот;
  • и начинот на кој преживеаната личност (секако ако сака и одбере да се врати) се враќа назад во општествените води т.е. пост-трауматското постоење на преживеаната личност во општеството.

дообјаснување 2: Што е криолиза (kriolysis)?

Зошто не е замрзнување (freezing), туку криолиза?

При трауматски настан кај жртвата постои чувство дека времето и местото каде и кога се случил трауматскиот настанот засекогаш ги носи со себе и дека е замрзната таму и тогаш. Знае дека она Јас кое дотогаш била веќе е умрено и не постои. Најчесто Траумите се случуваат доста рано во животот на една личност, кога е дете, при што тоа дете нема време да развие повеќе Селфови кои би му биле од помош за да може да се носи со пост-трауматските последици. А бидејќи на толку рани години сè уште мораме да живееме во околината и со луѓето кои нѐ повредиле, ние продолжуваме надворешно да постоиме и живееме, но внатрешно веќе ништо не се движи, веќе ништо не е исто.

Кога жртвата би била во состојна на замрзнатост (freeze) тогаш би била во некој вид на  парализа, кататонична состојба или ступор: не мрда, не живее, нејзиното тело е само коцка лед оставена и заборавена во фрижидер. Кај личност со Траума се случува вистинска крио-лиза: поради првичниот јак шок температурата на телото и целокупниот организам (заедно со мозокот) се спушта до степен на хипотермија. При хипотермија, знаеме дека доаѓа до замрзнување на организамот, посебно елементот вода.  А елемент вода во човековото тело се емоциите, лимфата, солзите, крвта. Имајќи го предвид дека: а) повеќе од 70% од нашето тело и мозок е вода и б) дека било каков процес на –лиза се врши преку катализатор,  кој во овој случај е трауматичниот настан – како резултат добиваме целосно променета состојба на течноста во телото на жртвата преку хемискиот процес на криолиза. И така при криолиза добиваме организам кој е замрзнат во точно определени (суштински) делови на жртвата. Ваквото фрагментирано смрзнување води кон живот сведен на преживување без најсуштинскиот дел од организамот – водата. Што значи, добиваме организам и личност каде:

  • во најголем процент се користи само рептилниот, архаичен мозок – т.е. живееме преку инстинкти;
  • најголем дел од емоционалниот т.е. лимбичниот мозок е замрзат,
  • скоро целиот мост помеѓу когнитивен, рационален мозок и емоционалниот, лимбички мозок е прегорен поради енергетскиот и нервен шок (трауматскиот настан) кој системот го доживеал.

Како што реков, ова се разликува од freeze состојбата бидејќи оваа состојба се случува со активирање на одреден дел од автономниот нервен систем кој во дадениот момент на трауматскиот настан го регистрира телото како нападнато или дека му претстои опасност и во истиот момент го онеспособува за придвижување на било која страна (play dead) – ова е првиот и најстариот модус на преживување воопшто кај луѓето (само така немоло да бидат изедени од животните кога живееле во несигурни градби и заедници). Но, кога ќе помине опасноста телото најчесто во поголем процент се опушта и се враќа назад во живот таков каков што бил пред детектираната опасност.

 

***дефиниција во биологијата:

лиза (-lysis) се однесува на процесот на распаѓање на клетката предизвикана од оштетувања настанати во нејзината плазма т.е. надворешна мембрана. Ова распаѓање може да е предизвикано од хемикалии или физички фактори (јаки детергенти, високо-енергетски звучни бранови) или преку инфекција со вирус кој намерно може да ги лизира клетките на домаќинската ДНК.

– Крионикс, попознато и како криогено замрзнување е процес кој вклучува сочувување на човечки тела во екстремно ниски температури со надеж за потенцијално, идно обновување т.е. враќање на телото во живот и во здрава здравствена состојба.***

Trauma, Aftermath, Healing Paths (TAH paths) by Danche Velov

Патот на Траума и Трауматско искуство (ПТТ) според Данче Велов

Секој еден настан трауматичен или не, има свој почеток. Во моето искуство до сега основна причина за сексуално и физичко насилство (кое секако повлекува емоционално, ментално и спиритуално пореметување на личноста од корен) е поблиското семејство ( луѓето кои се околу нас зад затворени врати, што значи најблискиот круг на роднини, комшии и пријатели на родителите на детето) и/или оштеството (во смисла на она што е “нормално“ однесување и моралните и етичките норми кои постојат во истото).

Во најголем број од случаевите во Македонија насилникот, предаторот, скоро секогаш е машки член на фамилијата, татко/дедо; најдобар пријател/ли на родителите; машките роднините кои редовно доаѓаат на гости и слободно влегуваат во куќата/собата на жртвата без надзор. Женскиот родител, во семејствата каде се има случено сексуално и/или физичко насилство најчесто не превзема ништо но знае што се случува. Женскиот родител во поголемиот дел од македонските семејства нема храброст ништо да превземе или не сака да се стави себеси во слична позиција, мислејќи на себе, а не на детето. Со ова, женскиот родител т.е. таканаречената мајка во 99% од случаевите всушност е повеќе омразениот родител од таканаречениот татко, које е починоителот на делото. Жртвата секако дека е гневна на предаторот, на родителот-злоставувач, но од друга страна сепак веќе свесно знае што да очекува од него и е спремна да биде повредена. Но едно дете никогаш не е спремно другиот родител или другата личност која знае што се случува и гледа или детето јасно ѝ има соопштено што се случува – ништо да не превземе.

Е ова е моментот која ја крши личноста – предавството. Затоа и во насловот и во постерот го користам изразот “скршена личност“, мислејќи на сѐ комлетно што се случува на жртвата. Кога едно дете доживува траума или Траума, бидејќи е дете и сепак во него веднаш не убира љубовта спрема луѓето кои треба да му се родители, кај детето постои Надеж. Надеж дека ќе се заврши, дека ќе се спаси, дека некој ќе дојде да ја спаси. Но кога никој не доаѓа, а тука е, го гледаме дека гледа и одбира ништо да не превземе, е ова кршење на довербата, на надежта дека било кога ќе се спасиме убива!

Затоа во очите и во сеќавањето на жртвата, сега веќе преживеаната, оној кој стои (мајката) и набљудува и знае што се случува и може, но одбира ништо да не превземе, многу повеќе е виновна за своето не-дело отколку самиот насилникот.

 

Делото, нападот, трауматскиот настан почнува преку:

1) прво – од надвор, од околината, се случува присилен контакт и обид за влез во личниот простор на личноста. Како што веќе споменав нападот при Траума секогаш доаѓа од надвор…не можеме сами да се силуваме, сами да се истепаме или од што ни е досадно да се повредуваме. Дури и некој да ме оспори дека постојат психопати кои можат сами да се повредат, нивото на хормони и хормоните кои се лачат при дејствие кое е свесно и намерно себе-нанесено се различни од хормоните и мозочните бранови во момент на неочекуван напад. Целокупната биохемиската слика на мозокот и организамот сосема различно изгледа. Ова се огледува и во фактот што постојат различни видови на солзи кои можат форензички да се испитаат и да се докаже дали содржат феремон на тага или на среќа.

2) второ – од внатре се случува инстантна активна пројава на нашата против-волја. Ова е нашето прво и инстинктивно НЕ и се случува секогаш кога некој ненајавено или насилно ќе ни влезе во личен простор. Секоја здраворазумна личност инстинктивно би се повлекла и би пробала да го одбие нападот велејќи НЕ и покажувајќи дека тоа со својата реакција.

3) трето – бидејќи напаѓачот не престанува во своето дело, а е значително поголем или посилен или едноставно сме замрзнати од вчудоневидување и шок како може некој кој треба да нѐ чува и заштитува, кој до вчера ни бил пријател и личност од доверба, сака да направи вакво нешто, тој (напаѓачот) ја пробива нашата заштита, насилно влегува во нашиот личен простор и го доминира и превзема тој простор.

Понатамошните последици од Траумата во животот на жртвата:

ПТТ сценарио 1

(TAH path, scenario 1)

 

  • скршена личност

4) четврто – кога поминува првичниот шок и неуспешната првична одбрана, личноста (детето) започнува нова одбрана овој пат преку возвраќање на нападот, преку одбрана (fight mode). Детето, младата личност и сега веќе жртвата, почнува активно и жестоко да се брани, да возвраќа на ударите, да се тепа. Но поради доминацијата, големината, издржливоста и секако спремноста на напаѓачот за ова дело, жртвата набрзо ја губи битката и паѓа во канџите на предаторот.

Се случува делото.

Личноста останува сама, отфрлена, нападната, скршена.

5) петто – кога жртвата се брани со активно возвраќање и борба врз напаѓачот најчести последици врз нејзиното физичко, ментално, емоционално и спиритуално тело и персона, во најопшти црти, се следниве:

пост-трауматски шок (шокот секогаш доаѓа пред стресот; разликата е во активирање на различни делови од мозокот кои го регистрираат настанот и лачење на соодветни хормони поради таа специфична регистрација);

пост-трауматски стрес синдром и/или растројство (PTSD) (кој најчесто трае до крајот на животот на жртвата со последици врз карактерните црти и персоналитетот, дури и кога го имаме најдоброто сценарио за исцеление – последиците донесени до нивен минимум и без регрес, сепак се тука во некоја блага форма);

остра и моментална алергиска реакција врз кожата и значајно е тоа што инстантно алергиската реакција се појавува врз цело тело;

висок крвен притисок;

општ страв (најчесто е пропратен со тикови и личноста од тој момент и настан сега секогаш е “на штрек“ т.е. во алертна позиција да не ја непадне некој и повторно да треба да се брани, целосна проекција. Во ваков организам веќе нема свесност за безбедна околина, туку системот ѝ вели дека никогаш повеќе нема да е безбедна и треба да е спремна да биде нападната. Затоа овде се и константните притресување кога некој ќе тропне, ќе влезе. Кај овие жртви симпатичкиот нервен систем е целосно активен и никогаш не влегува во мирна состојба, жртвите со ваков систем на одбрана продолжуваат секогаш агресивно, адреналиски и со тепање да реагираат на секој шум, на секој непланиран потег на луѓето од нивната околина;

– создавање на ирационални и рационални фобии;

– создавање на зависност од: доколку личноста сеуште е жива (не се себе-убила) овој тип на одбрана – борба и активно спротивставување води кон барање на утеха и смирение во наркотици, опијати, опоиди кои веднаш би им ја промениле нивната реалност во која не можат да истрпат да постојат, барем за момент, на подобро. И можеби (барем тие така размислуваат) ќе им даде некоја нова сила која им беше потребна кога се бранеа, а не успеаја да го отфрлат напаѓачот. Затоа жртвите со ваков вид на одбрамбен механизам бараат нешто кое буквално ќе ги “крене“, и ќе им ја зголеми храброста (макар и вештачки, макар и за кратко);

***Овде да нагласам дека јас лично сметам дека видот на зависности кои ги развиваат луѓето во помлади или подоцнежни години во многу зависи од одбрамбениот механизам кој жртвата несвесно го пројавила при првиот напад, при првиот трауматски настан.

автоимуни болести (кои најчесто се поврзани со стрес и постојано високо ниво на адреналин, кортизол и допамин);

  • 6) шестто – начини на себе-стабилизација

повлекување (во смисла на здивнување, но не депресија) и откако кажале се што имаат да кажат тихување, центрирање во тука и сега

  • преживеан

7) седмо – барање на помош

Според мое и според искуството и на други терапевти во областа на траумата, кај жртвите најчесто поминуваат најмалку десет, а понекогаш и петнаесет години додека личноста да си дојде при себе. Ова е броено од последниот трауматски настан, дури и кога злоставувањето е хронично. Значи после десетина години од последниот напад личноста можеби е спремна да работи на своето исцеление и собрала доволно храброст повторно да верува на некој друг за да побара помош. Кога имаме сценарио со одбрана со активна борба, личност со ваков вид на персоналитет и со својот новонастанат карактер, најпрво (ова е можно да се случи и веднаш после трауматскиот настан ако жртвата е повозрасна) бара помош медицинска помош, потоа следи психијатриска (кога е прегледано физичкото тело на ред доаѓа да го смират своето ментално тело) и откако тие самите ќе сметаат дека доволно долго се под медикаменти за ,да ги смират“, ако најдат уште малку повеќе храброст и решителност да зборуваат веќе гласно за настанот или настаните, е тогаш бараат психотерапевтска помош. Дури кога ќе поминат проверка самите со себе дека можат да се “одбранат“ во случај да не им верува терапевтот или да не може да им помогне, ќе побараат да работат со психотерапевт.

  • назад во општеството

Гласноговорници

8) осмо – Откако ќе помине бурата и главниот дел од исцелителниот процес, следи фазата на консолидација, процес на повторна интеграција во општеството во кое сепак сеуште постојат живи спомени од настанот или настаните.

Како жртва со овој тип на одбрана се враќа назад во општеството?

Најчесто стануваат основачи и лидери на некое здружение, друштво, невладина оргаизација, движење и постануваат гласно говорници за сите оние кои не успеале да се спасат или кои поминале многу полошо од нив, најчесто формирани за помош во истата област на злосторство кое и ним им се случило.

ПТТ сценарио 2

(TAH path, scenario 2)

  • скршена личност

4) четврто – кога поминува првичниот шок и неуспешната првична одбрана, личноста (детето) започнува нова одбрана и пробува да избега (flight mode). Без разлика дали жртвата се наоѓа заробена во соба, просторија или на отворено, таа навистина со сите сили проба да побегне, да избега од напаѓачот и можното дејствие. Но неуспешно…

5) петто – поради доминација, големина, издржливост и секако планирањето и спремноста на напаѓачот за ова дело, жртвата набрзо сфаѓа дека нема како да избега, нема каде да избега и полека се помирува со ситуација и бара сега како да се заштити ментално, психички колку што може. Затоа брзо или инстантно се повлекува во себеси, се смирува за да не ја повредат уште повеќе (бидејќи секога жртва инстинктивно знае дека може да биде и многу полошо) и за да се заштити себеси се затвора внатре во себе и се заќутува себеси колку што може повеќе. Ваквиот начин на одбрана бара одбрамбени механизми кои ќе го исклучат телото од целокупната личност и поделувајќи се така жртвата почнува со затворени очи да се смалува, повлекува и да се подвојува.

6) шестто – кога ќе помине трауматскиот настан бидејќи жртвата не се бранела, туку (според нејзе) само се повлекла, сега чувствува огромен и длабок страм и умот сеуште продолжува да ја пренасочува енергијата од самиот настан, но сега и од самата таа, жртвата, трудејќи се да го прегори мозокот, да ги заборави и изгори сеќавањата, чувствата, емоциите. Ваквиот начин на одбрана носи срам кај жртвата и длабока потреба за исклучување, уништи или заборавање на трауматичното искуство, трудејќи се ненамерно да го поттисне.

7) седмо –  бидејќи тоа не е целосно возможно, ваквиот тип на одбрана и карактерен стил на личноста која сега е жртва, води кон следниве, најопшти последици на Траума и трауматски настан:

интезивни сонови кои за кратко врмее преминуваат во ноќни кошмари и во ноќни терори;

– секогаш присутен страв дека некој нѐ набљудува и сака да нѐ повреди кој страв предизвикува постајана потреба за повторно повлекување и изолирање. Жртвата кога има ваков одбрамбен механизам после настанот, за разлика од жртвите од првото сценарио на реакција, понатаму развиваат депресија, себесожалување, себеобвинување, целосна ретрофлексија. Тие подоцна ќе реагираат на било какви малку постресни настани со тивко предавање од непочната борба и расправија, никогаш нема да влезат во конфликт, ќе најдат еден агол на собата и без викотните и агресивни испади (како што би реагирале личностите од првото сценарио) само би исчезнале од видик на соговорникот. Овие жртви се повлекле некаде далеку во себе и веќе не ја гледаат надворешната реалност, туку живеат во реалноста од своите сонови кои за жал скоро секоја вечер им го прикажуваат настанот или настаните каде повторно и повторно се повредувани.

панични напади, замрзнувања при паничен напад, но не и агресивни потези, параноја и хроничен стрес;

автоимуни болести – како што се на пример: херпес зостер, кронова болест, канцер на матка, на града, на простата и слични кои се поврзани со страв, но не стрес (како во првото сценарио);

– развој на зависност кон алкохолот и алкохолизам – жртвата се враќа назад, регресира во инфантилна фаза и не сака да се соочи со реалноста;

– во ова сценарио на одбрана имаме многу почести обиди за себе-убиство и себе-повредување од жртвите, отколку во првото сценарио кои се бореле за да се ослободат. Ова се случува бидејќи ако не работат на себе и не успеат да зацелат или барем да видат дека во тој момент и никаква друга одбрана не е била возможна, овие жртви како ќе стареат така ќе добиваат сѐ поголемо чувство на срам дека ништо не пробале да направат и најчесто чувството на гадење од себеси е најголемо кај нив од сите три типа на жртви.

  • преживеан

8) осум – барање на помош

– доколку преживеат и решат да живеат и ја поминат фазата на посакување да ги снема и себе-убиство, преживеаните во овој вид на сценарио најчесто бараат начин за да си  помогнат себеси преку вербална психотерапија.

Ова им е потребно бидејќи многу се срамат и им се гади самите од себеси. И поради ова потребно им е некако да си објаснат и да си докажат на себеси дека и немале никаков друг избор за одбрана освен бегство во себе и дека тие ни најмалку не се криви за својот метод на одбрана. Ова ќе им помогне и да можат да го поставаат и напаѓачот во нивното поле како би сфатиле дека ако тој не бил таму на прво место и него направил своето злодело, тие немало ни да имаат потреба за било каква одбрана. Вербалната психотерапија со добар психотерапевт би помогнало да дојдат до моментот каде што ќе спознаат дека ним не им се суди и дека тие не се криви.

  • назад во општеството

Помагачи и Волонтери

9) девет – ако преживеаните жртви од вториот вид на сценарио решат да се вратат и повторно да бидат дел од општеството, тие се враќаат како помагачи или волонтери. Бидејќи нивниот начин на одбрана бил повлекување и тивко функционирање, најчесто така и продолжуваат во животот.  Без присуство на многу адреналин и од позадина тие постануваат навистина добри помагачи и својата желба за “невидливост“ сега би можеле да ја искористат на конструктивен начин така што би помагале на некој кој (според нивно мислење) многу похрабро се соочил со истата ситуација во која биле и тие. Но овие преживеани, за разлика од групата во првото сценарио можат да работат и да волонтираат во групи за подршка при најразличен вид на траума. Бидејќи тие не можеле (барем така мислат), сакаат да им се најдат сега на сите други во нивната сопствена потрага по храброст, бидејќи така и тие преку нив се некако храбри. Исто така овие преживеани сакаат и да се подложат себеси како тест-субјекти за пронаоѓање на лек како би им се помогнало на другите луѓе да не патат.

 

ПТТ сценарио 3

(TAH path scenario 3)

  • скршена личност

4) четири – во овој вид на сценарио, според карактерните црти (и ако е малку повозрасна, дотогашно животното искуство) на личноста која е нападната, на жртвата, нејзиниот одбрамбен механизам откако првичното НЕ, не е послушано е да се брани најгласно што може. Комбинацијата на одбрана е двете претходни сценарија заедно и плус нешто нејзино. Преку борба, активна одбрана и возвраќање, клоцање, тепање, па обиди за одбегнување и повлекување, па пак напад над агресорот, вриштење…но

5) петто – бидејќи никој нема да ја слушне, да ја спаси затоа што најверојатно злоставувачот ја има заклучено во соба, просторија која е дел од веќе направен “патолошки“ план и стратегија како да се намами, фати и да се случи физичкиот и/или сексуалниот напад, при што таа просторија е релативно изолирана, непробојна, или се наоѓа во место во кое никој не смее да реагира. И кога во текот на нападот жртвата одеднаш ќе сфати колку сето тоа мора да било испланирано и колку време била набљудувана жртвата се парализира одвнатре со страв и гадење. Почнува дури и физички да ѝ се гади кога ќе почнат да ѝ се навраќаат моменти колку суптилно и манипулативно околу нејзе се плетела мрежа и дека ништо од она што до тогаш се случувало во нејзиниот однос со предаторот не било случајно.

6) шест – и во тој единствен момент кога ќе ѝ стане јасно дека дефинитивно никој нема да ја спаси и дека долго време веќе е жртва, едноставно се крши и се предава.

Но за разлика од второ сценарио, овој вид на повлекување и предавање е поради шок кој претходно ја замрзнува жртвата во ужас и потоа таа само се крши пред напаѓачот. Овде во третото сценарио повлекувањето не е одбрамбен механизам, туку шок од реалноста која туку што ја плеснала в лице – дека веќе долго време е жртва и казна над себеси дека не забележала. И затоа како крпена кукла само го остава своето тело да му се случува она што се случува и таа повеќе не постои внатре (како во второто сценарио), туку целосно се откажува од себеси и своето тело, ја нема, се предава и сега веќе му припаѓа на напаѓачот.

7) седум – последиците од ваков шок, свесност и спознание дека трауматскиот настан и сето она кое ќе следи во нејзиниот живот после настанот е претходно испланирано и со патолошко задоволство извршено од напаѓачот, жртвата целосно се исклучува и ментално и психолошки во истиот момент престанува да постои, умира. И она што се случува после ваков трауматски настан е:

целосно и комплетно губење на Селфот кој дотогаш бил водечки персоналитет кај личноста (или единствен Селф ако жртвата е многу мало дете)

криолиза (kriolysis) (Д.Велов) – процес на замрзнување на лимбичкиот, емоционалниот мозок во точно определен момент од животот на жртвата и прегорување на когнитивниот мозок поради и во истиот момент за време на екстремниот шок кој го зафаќа целиот организам со  можен нервен слом. Кога не е само нервен слом, туку шок пропратен со нервен слом мемориите за и емоциите од трауматскиот настан фрактално, но постојано се пре-живуваат и личноста постои заглавена во истиот тој настан повторно и повторно. И иако емоциите на жртвата се заглавени, сликата е замрзнати во времето и просторот каде и кога се случил самиот трауматски настан (најчесто најјакиот ако се повеќе), сепак животот на личноста продолжува понатаму. Ако не се себе-убие жртва со ваков тип на одбрана и трауматски настан продолжува да го живее своето секојдневие релативно пресметано (логично), базирајќи ги сите свои идни одлуки на минатите настани и споредувајќи ги со нив. Жртвата когнитивно не учи нови вештини, нови податоци, но сепак се што и се случува внатре и надвор од нејзе знае како да го интелектуализира, да најде патерн на однесување во било кој проблем (која потреба јасно ни зборува дека личноста е многу лута на себеси дека пред трауматскиот настан не го видала патернот на настани и не можела да предвиди што ќе ѝ се случи). Преживеаната жртва емоционално засекогаш останува замрзната во најстрашниот момент од својот живот. Таа секој ден емоционално го преживува својот пекол, иако симултано во исто време живее доста интелектуален и навидум нормален секојдневен живот;

Интелектуализација, еготизамот, фиксација за некој проект се јавуваат како одбрамбени механизми при вакво сценарио. Но иако логично сега сѐ е јасно и може сега да предвиди и многу лесно да го пофати патернот на однесување на било кој друг натрапник и да види како жртвата не гледа што ѝ се случува (затоа овие луѓе се добри терапевти и профиличари), на емоционално ниво сегашноста никогаш повеќе не можат да ја искусат;

десензитизација, дереализација, дисоцијација;

blackout (повремено губење на ориентацијата во простор и време)

невротична или психотична ретрофлексија која се пројавува преку агресивни, хистерични испади или јаки, неконтролирани и непредвидливи тикови;

наметната дефлексија – од страшниот шок на спознание дека е испланиран настан од личност за која долго време мислела дека ја знае, жртвата почнува сама себеси да се убедува дека настанот не се случил. Или доколку се случува дома и е повторувачки настан при кој злоставувачот е еден од родителите, најчесто мажот кој е веќе агресивен и доминантен дома,  другите членови од фамилијата ја убедуваат или наредуваат на жртвата дека таков настанот не се случил и дека личноста сама си го измислува;

генерализација – жртвата почнува да се изразува преку генерална терминологија (пр. сите мажи се лоши и сл.) и интензивна проекција (сите мажи ќе ме повредат и сл.)

комплексен пост трауматски стрес синдром

дисторзија во процесот на раст и развојот поради траумата (DTD development trauma disorder)

автоимуни болести (Мултиплекс склероза, канцери, откажување на бубрезите)

– развој на зависност спрема:

бегство од реалноста – наркотици и опијати;

секс – нимфоманија и проституција;

јадење – прејадување, булимија, анорексија, гојазност

психоза

обиди за себе-убиство – за разлика од жртвата од сценарио 2 која се страми и се гади само од самата себеси, во ова сценарио на жртвата и гади и од себеси дека била глупава и не видела што ѝ се спрема и какви се личностите околу нејзе, но и поради тоа што неможе да се носи со овој факт и со трауматскиот настан и контролата што ќе ја има во остатокот од нејзиниот живот)

  • преживеана

8) осум – барање на помош

Бидејќи ова е најболното сценарио од сите три, овие личности-жртви ако преживеат со тек на време би побарале помош, но по следниов редолед:

  1. вербална терапија (психотерапија) – ќе имаат потреба на некого во доверба, со глас сопствен да кажат што им се случило, да се слушнат себеси;
  2. арт-терапија – бидејќи во првата година од своето исцеление нема да можат да кажат сѐ што им се случило, а го почнале процесот на работа на себеси, ќе сакаат да ги изразат своите чувства кои се заледени и да пробат во безбедна околина да ги споделат;
  3. психијатриска помош и медикаменти – сега, бидејќи почнале да говорат и други да знаат за она што им се случило и почнале да ги изразуваат своите емоции кои на почеток се доста болни, стари, послни со срам од себеси, преживеаниот скоро секогаш имаа релапси во депресизвни епизоди, флешеви од настанот, нагли, хистерични испади и реакции)
  4. други психотерапевтски техники како што се психодрама, психосоматски техники, емдр, неврофидбек – бидејќи во овој стадиум од исцеление жртвата ќе сака побрзо да го надмине моментот да фрлање на ѓубрето, кое сега постанува многу видливо и емоциите и сеќавањата почнуваат вивидно да се пројавуваат во оваа негова сегашност;
  5. и дури сега, на петтиот чекор доаѓа психотерапија и едукација во група– бидејќи преживеаната личност веќе доволно пати (на индивидуална) го повторила она што сакала да го слушне и полека почнува да се спасува самата себеси, смета дека сега веќе може да слуша и други преживеани и нивните приказни
  6. групи за подршка – преживеаната личност на овој стадиум од своето исцеление може да се вклучи во некој група за подршка каде што подетално би слушала за својот вид на траума и другите жртви кои биле во иста или слична состојва и трауматски настан како и таа самата.
  • назад во општеството:

Учители/Предавачи

Ако преживеаните жртви на насилството од овој тип на сценарио решат дека општеството ги заслужува да постојат и покрај она што дозволиле да им се случи и ако сакаат да бидат слушнати, најчесто се ресоздаваат себеси во улога на учители или предавачи во областа на нивната болка.

Ако личноста-преживеан не се откаже од својот процес на исцеление, не само што ќе си го земе својот живот назад, туку ќе дојде до момент и место во својот живот и себеси каде ќе може и ќе сака да даде (да пре-даде) дел од својата пост-трауматска мудрост која ја стекнале во деновите на нивното преживување и исцеление. Овие нови личности сега самите се живата книга. Тие можат да бидат голем пример и причина за другите луѓе-жртви да пробат да се изборат со сопствената траума. Најчесто ова се исполнува преку оформување на здруженија, на Школи и институции, давајќи предавања, нудејќи едукации, пишувајќи книги во кои би говореле за она што тие го преживеале, нивната сопствена траума, како останале во живот и би говореле за траумата и на другите и би ја славеле победата над агресорот и неговиот неуспех да им го одземе правото на безбеден и среќен живот додека се живи.

*** нови термини од Данче Велов:

Само правилна терминологија и разбирање на она што се случува внатре во клиентот води кон вистинско исцеление.

1) обид за себе-убиство (self-suicide), а не само–убиство: обидот и самиот чин на себе-убиство е врисок на личноста која не знае како, и неможе повеќе да постои во истиот живот во кој се наоѓа (или немал избор освен таму да биде, но повеќе неможе) и посакува повеќе да не постои во тој селф на кој му е наметнат или немал избор освен да живее таков живот. Знајте дека никој туку така од досада не решава да си го одземе животот. Затоа повторувам – она што сака личноста да си го одземе, не е животот, туку моменталниот селфот кој страда, кој неможе да се промени, селфот на кого околината и семејството не му даваат да се промени. Селфот кој е заточеник во пеколот кој повеќе неможе да се издржи. И кога личноста не гледа никаков друг избор или друг начин на живот во кој би можела да креира и да постои како нов селф, тогаш го убива селфот кој не води никаде и се надева дека ќе може да проба одново.

               Затоа и предлагам да овој чин кога не е направен поради кукавичлук, при што можело да се избере друг пат, туку поради немање на друг избор да го нарекуваме со правилното име кое нема повеќе да носи осуда или некаква си религиозна презентација како грев –

ова е себе(селф)-убиство.

               2) криолиза (kriolysis) – кој е објаснет во сценарио 3

***Статистички додаток

Најдолу во плавиот квадрат од постерот е бројчан меморијал на еден дел од моите клиенти и нивните приказни на семејно физичко и сексуално злоставување.

Ова се нивните последици на трауматскиот настан, ова е нивната Траума и траума.

Ова е нивниот живот.

  • неофицијални забележани податоци:

– за 2024 година на територијата на Р.Македонија имало 95 себе-убиства и 115 обиди за себе-убиство;

  • неофицијални забележани податоци од мојата сопствена пракса како интегративен спиритуален-психотерапевт во период од 2014-2024 година.

Броевите се човечки битија и податоците се пресметани од околу 100 тешки случаеви на семејно насилство и злоставување, избрани од околу 900 различни животни приказни кои ги слушав во тој период.

80% од жртвите чии последици се прикажани овде се жени.

Според видот на трауматски настан, ова се податоците:

– висок степен на запоставеност – 70

– физичко злоставување – 36

– сексуално злоставување и напад  – 32

(од кои половина од жртвите за кратко време по настанот ја напуштиле државава)

– емоционално/психолошко злоставување  – сите

– спиритуално злоставување  – 10

А ова се најчестите последици кои жртвите ги развиле после трауматскиот настан, (наредени според нивната природа):

  • медицински последици:

– висок крвен притисок  – сите

– хронична болка во грбот – сите

– проблеми со тироидата  – 22

– канцер на матка и други дисторзии на матката (цисти, миоми) – 60

– канцер на матка пред возраст од 30 години –  25

– канцер на града (сите се на возраст од 25-32 години) – 14

– канцер на плункови шлезди – 2

– откажување (крах) на црниот дроб – 4

– откажување на бубрезите – 7

– стерилитет – 5

– бениген тумор на хипофизата (сите под возраст од 20 години)  – 4

– хормонален дисбалнас – сите

– јаки хронични алергии – 17

– астма – 4

– Мултиплсклероза (МС) – 5

– лупус – 6

– канцер на простата  – 6

– канцер на панкреас – 2

– чир на желудник – 2

– АЛС (амиотрофна латерална склероза) – 1

– Паркинсонова болест – 4

– диабет (тип 1 или 2)  – 5

– епилепсија – 3

– тремори – 9

– Хашимото тироидитис – 12

– Хочкинс лимфома  – 4

– тумор на мозок/мозочен удар  – 7

– Кронова болест – 5

  • психолошки и емоционални последици:

– компекс ПТСД – 40

– злоупотреба на алкохол – 36

– злоупотреба на дрога, опијати и опоиди и псилоцибин – 27

– злоупотреба на лекови – 33

– постанале аутистични (како форма на одбрамбен механизам)  – 6

– хипохондрија – 12

– бруксизам – 5

– обиди за себе-убиство – 22

– себе-повредување  – 30

– спиритуален бајпас – 24

– растројство во јадењето  – 20

– инсомниа – 50

– психоза – 18

– губење на едно или повеќе од сетилата (неми, глуви или слепи) – 20

– хроничен стрес – сите

– понатамошен булинг од семејството и општеството  – сите

– депресија – сите

– burnout синдром  – 17

– високо ниво на невроза  – сите

– параноја – 15

– селективна амнезија/деменција – 2

  • хоспитализација:

– хоспитализација поради нервен слом  – 6

– хоспитализација поради физичко и сексуално злоставување – 3

  • смрт:

– смрт пред 50та година – 10

– смрт пред 60та година – 5

– смрт пред 70та година – 3



copy right©

Данче Велов

труд презентиран на 6th International Interdisciplinary Gestalt Congress – Zadar, Croatia 11-14.9.2025г

Споделете со вашите пријатели