Школа за Применета Спиритуалност – НЕКСУС

Патеписи на моите Промени

Работна тетратка за самопомош

Работна тетратка за самопомош

Патепис на моите Промени

   Ова е мојата, а се надевам и ваша тетратката за себе-помош и само-помош. Тетратчево се состои од 18 психотерапевтски вежби, многу едноставни, но длабоки кои ве водат на пат кон себе-откривање. Вежбите може да се прават по ред, измешано, по потреба…или според чувствата ваши. Но така е структурирана да на крајот од вашиот патепис сепак се сработите себеси, доволно за да почнете подлабоко копање во рушевините на вашата Душа.
 
   Ова е моја индиректна помош за сите оние кои страдаат, не знаат кај се, кога се…и нема кој да ги ислуша, нема кој да ги види.

   Тетратчево е место во кое вие самите ќе може да си ги запишувате, во тишината на себеси- вашите болки, страданија.
   А јас ќе ве слушам и ќе сум таму до вас. Кога ќе почнете со читање, ќе ме најдете и мене како сум присутна..едноставно сум присутна, сум тука, до вас и ви ја раскажувам и јас мојата приказна. Но во исто време, можеби за прв пат во вашите животи, ви давам простор и вие да си ја кажете својата.

   Книгава е мала, за во ташна, за на скришно место, лична за вас, да ја пополнувате, да се сработите и да се видите и вие себеси..колку сте храбри што сте тука, со мене.

   Тетраткава е дел од мојата борба за нормализирање на болката на Душата и за сите оние кои размислуваат за себе-убиство да знаат дека не се сами, јас сум тука и нека ме побараат…ќе слушам.
 

Работна тетратка за самопомош "Патепис на моите Промени"
Нека Светлината и Љубовта ги водат срцата и разумот на сите кои сакаат да постанат вистински луѓе!