Школа за Применета Спиритуалност – НЕКСУС

Yūgen dō-jō

Добредојдовте во Yūgen философијата на живеење и
Yūgen dō-jō

Како личност која знае и има едукации за сешто, решив да соберам сѐ што знам, сѐ што сум практикувала до сега и сѐ што знам дека функционира бидејќи сум видела со свои очи, сум чула со свои уши и сум размислила и разбрала со свој ум, решив дека човештвово има потреба од еден нов философски правец. Правес на размислување кој ќе одговара за нашето поднебје, за овој век и ќе биде практичен за чуѓето во оваа наша држава како да преживеат без да се изгубат себеси со сите банални традиции, аморални и неетички општествени норми и правила на однесување кои важат само за одредени поединци кои и ги наметнаа.

Епа затоа одиме во друг правец кој до сега не постоел, не го најдов, па си го создадво. И затоа добредојдовте во Yūgen философијата на размислување, метода на живеење и техники за подобра личност.

Како долгогодишен практикант на енергетско-психолошко-спиритуални техники на исцеление; учител на Универзумските метафизичко-очигледни тајни, алхемичар, холистички Гешталт психотерапет; преведувач и страствен читач на пишаните зборови од сферата на психологијата, философијата, алхемијата, окултизамот и сличните уки и изми, решив да создадам еден синтетизиран облик на моја, уникатна философија и уметност на живеење.

Е сега, за оние што веќе знаат нешто за Школата наша, најпрво многу е битно да се разграничи дека техниките и методите кои се употребуваат во рамките на Школата за Применета Спиритуалност НЕКСУС и работилниците кои обучуваат или делумно укажуваат на можни аспекти за користење на соодветни техники НЕ Е исто со философската рамка на Школата и моето учење. Исто така треба да се разбере дека dō-jō-то е само простор, место, училница каде што сето ова кое го учиме и сфаќаме, учиме и да го практикуваме.

Значи техниките и методите на работа, терапија и исцеление се техничкиот и методолошкиот дел на Школата НЕКСУС и Yūgen философијата.

А самата философија на Школата – наречена Yūgen – се темели на учењата и размислите на спиритуалниот пат наречен Celestine Light, но без да го догматизираме тоа учење како религија или секта или култ. Бидејќи Celestine Light е само основата на философијата, но таа е надоградена со прекрасните Универзумски концепти на Шинтоизамот, Махајана Будизамот, Тибетанскиот Будизам, Алхемија, Јунгистичката филозофија на размислување, учењето на Епикурејците, Скептиците, Циниците, Стоиците, Аристотеловата етика, Кант и неговите размисли, Ниче и неговите размисли, Гешталт филозофијата. И сево ова ја сочинува “плетката“, сржта и методологијата на достогнување и спознавање на Yūgen моментот.

Yūgen е јапонски концепт и означува: “Длабоко провидение и о-свест-ување за сопствената вистина и автентинтичност, но и за поврзаноста со сѐ што постои во оној момент кога ќе видиме како некоја Универзумска Вистина толку јасно и очигледно е поврзана со нас и за нас.“ (Д.Велов).

Тоа е оној момент на длабоко разбирање, ама не за светот како што е просветлението, туку за себе, за нас самите како дел од светот и за нашата вистина како дел од целокупната Вистина.
Ете, ова Школата НЕКСУС и Yūgen филофозијата на живеење го претставуваат. Откривање на СОПСТВЕНАТА ВИСТИНА додека ја отриваме Универзумската.

Целта на мојата Школа и филозофија е секој на свој начин да си направи своја комбинација од сѐ што ќе понудиме – да си го најде сопствениот пат – и сам да си дојде до достигнување и разбирање на сопствената вистина.

Значи Yūgen е правец во филозофијата кој е длабоко егзистенцијалистички – бидејќи ја бараме смислата на сопственото постоење (не мисијата, туку смислата); гешталтистички – бидејќи се темели на шинто принципот на “само за денес“; когнитивно-бихејвиорална – нуди совети, насоки и експерименти за како може поинаку да се живее и битствува во ова македонско општество; недискриминирачка; неизнванзивна; мајевтичка и дијалектичка филозофска расправа.

А, Yūgen dō-jō-то е просторот каде почнува и се раѓа едно ново движење, една нова филозофија на живеење. За таа цел ќе организираме разни работилници, предавања, расправи, часови за вештини со цел да постанеме подобра личност прво за себе, па потоа за сите други.

Во делот настани ќе гледам да ги пишуваме со време настаните како ќе бидат организирани, но секако многу понавремени информации и содржини ќе најдете на нашата фејсбук страна Школа за Применета Спиритуалност НЕКСУС.

Местото никогаш нема да биде понудено за издавање, како би ја задржало сопствената енергија. Но многумина ќе бидат поканети како би ни ја понудиле својата стручност и мудрост. Па затоа ако сакате да бидете наши гости во Yūgen dō-jō , вашите идеи се добредојдени.

п.с. никогаш не би направила семинар кој самата на кој самата не би сакала да присуствувам
Нека Светлината, Разбирањето и Мудроста
се шират како ефектот на фрлено камче во океан,
со широки кругови и длабоки увиди.
Намасте!
Д.Велов