Што е Медитација и Медитирање?
Во последно време толку многу често слушам дека некој “медитира“ т.е. оди двапати на “групна медитација“ или слуша “водечки медитации“ на youtube што мислам дека е време малку да се позанимаваме со оваа тематика.

Ова е еден од моите омилени пасуси кои скоро секој ден се трудам да го интегрирам во моите мали секојдневни ритуали и навики. Замислете секој ден да читате макар и по еден ред од некоја нова книга, од некое ново спознание на некого кој вложил труд за да ви донесе нова вистина! Замислете да ја храните вашата Душа и вашиот Спирит секој ден со мудрости, размисли, факти, различни вистини за постоењето, за животот, за што има “повеќе“ од ова….
Како што секој ден имаме потреба од физичка храна за напредок на нашето физичко тело, така секој ден имаме потреба од спиритуална храна за напредок на нашиот Спирит, нашето спиритуално тело. И затоа овде, со моите текстови (модерно “блогови“) се надевам дека ќе успеам да ви понудам разноврсна храна за вашиот Спирит и да ви го олеснам вашето спиритуално патување тука и сега, а кое е битно за “после“.