Школа за Применета Спиритуалност – НЕКСУС

Храна за умот, душата и спиритот

Спиритуалност

поим и концепт: Спиритуалист и Спиритуална личност

Ќе започнеме со фактот дека не секој спиритуалист: го проучува спиритуализамот како филозофија; има свој спиритуален правец; практикува спиритуални техники. Но, секој кој ова вистински и правилно го практикува, може да кажеме дека овде станува збор за човек кој е спиритуалист.
Спиритуална личност и спиритуалист се малку различни нешта.

Спиритуалност

Спиритуализам Онтологија, епистемологија и методологија. Што е Спиритуализм?

Спиритуализам

Онтологија, епистемологија и методологија

Главни термини кои ќе се разбработат во текстот се:
– спиритуализм (СпиритуалЕ); спиритизм; дух; Спирит; религија; верување; верба; вера;
медиум; мистик; спиритуалист; спиритист; побожен; религиозен.

Спиритуалност

Себељубов; Self-First

“Лесно е да сакаш некого, но да го сакаш она што си, она што го нарекуваш “Јас“ е како да гушкаш вжештена пегла; и таа те гори и ти ја гори кожата и влегува во тебе, а тоа е ужасно болно. И затоа самото сакањето на некој друг секогаш е бегство на кое сите ние се надеваме. Но исто така и бегство во кое може да уживаме, ако сме способни за тоа. Но на долг рок, неминовно е а да не си се вратиме повторно кон себеси. Не можеш засекогаш да бегаш од себеси.
Мора да се вратиш, мора повторно да го направиш тој експеримент; да спознаеш дали навистина можеш некого да сакаш.
Ова е основното прашање – дали можеш да се сакаш себеси?
Ова е и тестот.“
-Карл Г. Јунг

83 “ Cultivate the garden of your mind. Nourish the flowers within, that your garden may always remain vibrant, but also plant new flowers of knowledge each day that your garden may ever be growing and expanding, even until it holds flowers from all over the world.”
Oracles of Celestine Light nexus 11:83

Ова е еден од моите омилени пасуси кои скоро секој ден се трудам да го интегрирам во моите мали секојдневни ритуали и навики. Замислете секој ден да читате макар и по еден ред од некоја нова книга, од некое ново спознание на некого кој вложил труд за да ви донесе нова вистина! Замислете да ја храните вашата Душа и вашиот Спирит секој ден со мудрости, размисли, факти, различни вистини за постоењето, за животот, за што има “повеќе“ од ова….

Како што секој ден имаме потреба од физичка храна за напредок на нашето физичко тело, така секој ден имаме потреба од спиритуална храна за напредок на нашиот Спирит, нашето спиритуално тело. И затоа овде, со моите текстови (модерно “блогови“) се надевам дека ќе успеам да ви понудам разноврсна храна за вашиот Спирит и да ви го олеснам вашето спиритуално патување тука и сега, а кое е битно за “после“.

Намасте!
Данче Велов