
за РЕИКИ-КЛИЕНТИТЕ
Сосем е природно луѓето да сакаат да знаат што ќе добијат со нивното доаѓање за да се исцелат со Реики-енергија. Најчесто клиентите доаѓаат со секакви прашања, неинформирани што е тоа исцеление и што е исцеление со Реики енергија…

Сосем е природно луѓето да сакаат да знаат што ќе добијат со нивното доаѓање за да се исцелат со Реики-енергија. Најчесто клиентите доаѓаат со секакви прашања, неинформирани што е тоа исцеление и што е исцеление со Реики енергија…

*одржан во паркот Равне 2, Високо, Босна и Херцеговина
организирано и финансирано од фондација “Пирамида Сунца” Високо и ЕXIT фестивал*

Првата Генерација практиканти на Soul Talk Reiki Ryoho техниката. Ова е мојата прва група, мојата прва генерација ученици/практиканти во Ниво 1 – Ниво на Основите кое е наменето за себеисцеление.
Ова е еден од моите омилени пасуси кои скоро секој ден се трудам да го интегрирам во моите мали секојдневни ритуали и навики. Замислете секој ден да читате макар и по еден ред од некоја нова книга, од некое ново спознание на некого кој вложил труд за да ви донесе нова вистина! Замислете да ја храните вашата Душа и вашиот Спирит секој ден со мудрости, размисли, факти, различни вистини за постоењето, за животот, за што има “повеќе“ од ова….
Како што секој ден имаме потреба од физичка храна за напредок на нашето физичко тело, така секој ден имаме потреба од спиритуална храна за напредок на нашиот Спирит, нашето спиритуално тело. И затоа овде, со моите текстови (модерно “блогови“) се надевам дека ќе успеам да ви понудам разноврсна храна за вашиот Спирит и да ви го олеснам вашето спиритуално патување тука и сега, а кое е битно за “после“.