Школа за Применета Спиритуалност – НЕКСУС

Храна за умот, душата и спиритот

Misnomer

мисномер #1 “внатрешно дете” – Исцелување на “внатрешното дете“

Во моментов како и многу други мисномери и рекламен спиритуален материјал за
правење пари понабрзина, се семинарите и техниките за многу сомнително спиритуално и
енергетско исцеление на “внатрешното дете“. И лично сметам дека ова е едно од најтипичните
клишеа кај нас за да на некому да му го трошиме времето и парите (за енергетско исцеление).

83 “ Cultivate the garden of your mind. Nourish the flowers within, that your garden may always remain vibrant, but also plant new flowers of knowledge each day that your garden may ever be growing and expanding, even until it holds flowers from all over the world.”
Oracles of Celestine Light nexus 11:83

Ова е еден од моите омилени пасуси кои скоро секој ден се трудам да го интегрирам во моите мали секојдневни ритуали и навики. Замислете секој ден да читате макар и по еден ред од некоја нова книга, од некое ново спознание на некого кој вложил труд за да ви донесе нова вистина! Замислете да ја храните вашата Душа и вашиот Спирит секој ден со мудрости, размисли, факти, различни вистини за постоењето, за животот, за што има “повеќе“ од ова….

Како што секој ден имаме потреба од физичка храна за напредок на нашето физичко тело, така секој ден имаме потреба од спиритуална храна за напредок на нашиот Спирит, нашето спиритуално тело. И затоа овде, со моите текстови (модерно “блогови“) се надевам дека ќе успеам да ви понудам разноврсна храна за вашиот Спирит и да ви го олеснам вашето спиритуално патување тука и сега, а кое е битно за “после“.

Намасте!
Данче Велов