Gokai
Пет принципи
Shoufuku no hihoomanbyo no reiyaku
– Тајната вештина на (повикување) на среќата (во твојот живот), спиритуален лек за сите заболувања
Само за денес
-
Немој да си гневен
-
Немој да си загрижен (Немој да се нервираш)
-
Биди благодарен
-
Целосно заврши си ги обврските (Сработи си ја работата достојно)
-
Сакај се себеси и сите други
Assayuugassho shite kokoroninenji кuchinitanaeyo
Shin shin kaizen Usui Reiki Ryoho
Chosso Usui Mikao
– Наутро и/или навечер стави ги твоите раце во gassho-позиција и повторувај ги (овие принципи) на глас, додека (во исто време) во срцето свое го чувствуваш нивното значење (нивната моќ).
– За подобрување на срце/ум и тело, метода за исцеление со Реики на Усуиев начин
– Основач Усуи Микао
(пред да почнете да читате за овие пет принципи знајте дека јапонскиот јазик дозволува игра на зборовите зависно од контекстот, затоа не само што во други книги или на интернет, туку и кај мене, во моите блогови, ќе сретнете различни преводи на принципите, но сите тие ќе имаат една иста суштина)
Gokai се основата на Учењето на Усуи Сенсеј, основата на Просветление преку Исцеление, која е главната цел на постоењето на Usui Reiki Ryoho. А оваа цел може да се постигне преку практикување и рецитирање на овие прекрасни пет принципи кои се толку лесни, едноставни и совршени. Убавината нивна е во едноставноста, но оваа едноставност е толку прецизно склопена и всушност е најтешкото и најсложеното нешто на овој свет. Читајќи ги и практикувајќи ги овие пет реченици ќе сфатите колку многу всушност е тешко да живееме едноставно.
-
Само за денес – ова не е исто со паролата: „живеј го секој миг како да ти е последен“, која е малку погрешно. Зошто? Размислете, ако имавме само миг, момент, зошто тогаш е создадена Убавината, Љубовта, Светлината? Ова сега, е напишано во смисла “денес“, “24 часа“. Секој ден, ние имаме само тоа, ден (едно деноноќие). И во овој нов ден во кој сме живи имаме шанса да си го смениме животот и да постанеме малку подобри луѓе од вчера и да направиме подобра подлога за уште поубаво утре. Значи само од денес зависи дали сме научиле нешто од вчера и сме постанале подобар човек и дали ќе имаме мирно утре.
-
Немој да си гневен – гневот е отров којшто ја разјадува душата и губиме од нашата светлина. Гневот е секогаш деструктивен, никогаш конструктивен, бидејќи секогаш е врзан со омраза и најчесто завршува со нечија смрт.
-
Немој да си загрижен – кога константно сме загрижени, ние се доведуваме себеси во неверојатна стресна состојба. А стресот е најголемиот тригер за сите болести. Стресот значително го намалува имунитетот и поради огромен пад во имунолошкиот систем нашето тело нема да има друг избор освен да ни даде болест. Запомнете дека СИТЕ болести се пројавуваат поради СТРЕС! Бивањето загрижен, значи дека од или за нешто ни е страв, а стравот нѐ носи во темнина. Кога се грижиме дали нешто ќе биде или не, значи ние не веруваме дека постои некоја повисока сила којашто нѐ сака и ни помага. А без доверба во повисока сила и енергија од којашто ние сме создадени, не можеме да бидеме исцелени.
-
Биди благодарен – ако првите два принципа беа она што ни ја зема светлината и нѐ разболува, третиот принцип е лекот за сите наши несреќи! Благодарност секогаш оди рака под рака со понизност. Да си благодарен, значи да знаеш да го цениш тоа коешто го имаш, а не да гледаш и да го потрошиш животот, барајќи го тоа што го немаш. Бивањето благодарен ги враќа луѓето околу нас, ни го враѓа назад нашиот сопствен мир и среќа. А посебно благодарноста кон Бога, кон Душата наша, кон Изворот, Креаторот, како сакате наречете ги оние кои ве сотвориле, ќе ви ја врати и зголеми Светлината на вашата Душа.
-
Целосно заврши си ги обврските – од аспект на Учењето во Usui Reiki Ryoho, овој принцип на живеење значи дека од личноста се бара искрено, вистински и целосно да си ја сработи работата за тој ден. И не само тоа, туку и сѐ што имаме тој ден, треба да биде направено со целото свое срце и душа. Во смисла да дури и да не ни се допаѓа работата, веќе кога ја правиме да ја направиме како што треба. И ако се научиме ова да го правиме, нема да му го пренесуваме денешен товар на утрешниот ден. Утрето наше ќе си има доволно свои проблеми. Никој не бара од нас милион обврски да завршиме за да се просветлиме, туку едната што ќе ја работиме да ја сработиме како што треба, па после друга да се почне. Од друга страна, секојдневното завршување на обврските за секој посебен ден е огромен предуслов за спиритуален раст. Само оние кои се искрено посветени на својот спиритуален прогрес ќе успеат да дојдат до Светлината и целосно да влезат во неа.
-
Сакај се себеси и сите други – оригиналниот превод од јапонски јазик на англиски изгледа вака: “Биди добар кон другите“, но јас малку го модифицирав бидејќи ниту еден човек кој не знае како да биде добар кон себеси и кој нема љубов за себе, не може да биде добар и да ги сака другите. Љубовта почнува од себе, од себе-љубов. И не, не сте себични ако себеси се ставите на прво место, па потоа сите други. Многу е лесно да се умре за другите, но многу е тешко да живееме за себе.