Третмани
Во рамките на Школата за Применета Спиритуалност практикуваме исцеление преку следниве спиритуално-енергетски техники:
1. Soul Talk Reiki Ryoho
Ова е основниот, стандарден вид на спиритуално-енергетски третман кој го практикуваме. Самиот третман трае максимум еден час и се состои од два дела: првиот дел е спиритуална психотерапија – Soul Talk, каде се запознаваме со потребите на клиентот преку разговор на спиритуално-психолошко ниво и вториот е техничкиот дел, каде се практицира самата Soul Talk Reiki техника.
2. Jikiden Reiki
Ова е автентичен (оригиналната јапонска метода) третман на исцеление со Реики техниката кој е непроменет од времето на самиот Usui Sensei и го практикуваме исто како што Hayashi Sensei и го предаде знаењето на Chiyoko Yamaguchi Sensei.
Самиот третман се разликува од сите други Реики техники бидејќи е предаден исклучиво од еден единствен Институт – Jikiden Reiki Kenkyukai, Кјото, Јапонија. Техниката и процесот на исцеление секогаш е ист, било кој од Jikiden Reiki практикантите да ја практикува, во било кој дел од светот.