Yūgen метод на исцеление
Yūgen според подлабокo разбирање од аспект на чист јапонски концепт значи:
Yūgen [yuu-gen] Japanese
Eng. (n) – an awareness that triggers emotional responses too deep and powerful for words;
– profound sense of the Universe
Yūgen (јууген) јап.
мк (именка) -свесност која поттикнува таков емоционален одговор кој има таква моќна длабочина што не може да биде изразен и лимитиран во било какви зборови;
– лично и длабоко разбирање на Универзумот кое се доживува во еден прекрасен момент, тука и сега.
Yūgen метод на исцеление
Yūgen методот на исцеление® е осмислен и оформен како целокупен, холистички пристап и процес на исцеление на една личност. Наменет како индивидуална терапија која се состои од два дела кои се донекаде протоколни, но не и униформирани, туку соодветно и умешно прилагодени според клиентот пред нас.
Првиот дел од процесот на Yūgen терапија е вербален и се заснова на уникатно создадена спиритуална психотерапија®. Секој Yūgen процес и терапија почнува со овој вербален дел. Целокупната вербална терапија го вклучува и фактот дека практикант на Yūgen методата користи друг сет на сетила кои му даваат малку подлабоко знаење и разбирање за клиентот и проблемот или дисторзијата со која доаѓа. Експериментирањето со различни комбинации на психотерапевтски правци, знаења и искуство е она што го прави Yūgen методот комлетно флексибилен и прилагодлив за моделирање според потребите на клиентот. Ова е дозволено бидејќи понекогаш на клиентот му е потребен само разговор, но не и енергетски третман.
Сепак овој вербален дел се спроведува и има терапевтска важност само доколку практикантот е навистина способен да води една здрава вербална терапија каде клиентот би се чувствувал безбеден за да се отвори и разбран за да зборува за себе. Целта на вербалната терапија на Yūgen методот е да му се помогне на клиентот да се опушти, да се искаже и да се донесе себеси во една релативно балансирана позиција, во својата тука и сега нулта положба. Ова ни е цел бидејќи само од оваа позиција на спиритот и човекот, може да се придвижиме кон вториот, техничкиот дел на Yūgen методот.
Вториот дел од процесот е техничкиот дел кој вклучува примена на определена спиритуално-енергетска техника на исцеление која ги користи и канализира Реики енергија и Светлинатасо нејзините бои согласно потребите, проблемот и енергијата со која клиентот ќе седне на столчето за исцеление. Па така техничкиот дел се темели на канализирање на потребните Универзумски енергии и Светлини за исцеление на состојбата на клиентот која останала во него не исцелена и по вербалната терапија. Затоа и ни е потребен прво вербалниот дел од Yūgen процесот.
Колку повеќе сесии имаме со клиентот, толку подлабоко го исцелуваме (ако практикантот правилно си ја врша работата). Третманите завршуваат кога клиентот ќе се чувствува како себеси.
Клиентот би требало да почувствува суптилно подобрување уште после првата сесија.
На почетокот енергијата која ќе ја добие клиентот преку спиритуално-енергетската техника на исцеление, ќе трае релативно кратко бидејќи дисторзиите и нивото на отсуство на позитивна енергија кое треба да се пополни се сеуште доста длабоки. Значи на почеток на самиот процес на исцеление, поради отсуството на позитивна енергија и присуството на мината траума, дополнети со сеуште присутната појава на секојдневни, попатни проблеми на живеење, работење и постоење, енергијата која клиентот ќе ја добива во првите пет-шест сесии ќе биде сепак со минимални промени. Но колку повеќе работиме, најчесто по седмиот до десетитот третман, клиентот ќе знае сам за себе да си објасни што всушност е Yūgen терапијата и што сѐ почнало да се менува. Некаде после 15-тиот третман клиентот ќе почне да чувствува се подолготрајни и подлабоки подобрувања на својата сопствена енергетска и здравствена состојба. Секако ова ниту е правило, ниту исклесано во камен, туку е само нешто кое со текот на годините практикување го имам увидено како релативна вистина, која сепак е возможна само доколку клиентот:
– навистина и искрено сака да му е подобро;
– дисциплинирано работи на себе;
– редовно доаѓа на третмани и
– почне да превзема одговорност за сопствените одлуки и дела.
Спиритуално-енергетската техника која се применува во овој дел се нарекува Soul Talk Reiki Ryoho и за нејзе практикантот/исцелител посетувал и успешно да завршил најмалку второ ниво, Ниво 2 – Внатрешно Слушање.
Протоколот за Yūgen методот
Протоколот за Yūgen методот е осмислен за да понуди стручност, организираност и професионалност во сферата на исцелие со спиритуално-енергетска техника и метода. Yūgen како процес на терапирање во својата суштина е длабоко спиритуален и уникатен, единствен во својата природа на работа со индивидуални клиенти. Протоколот за процесот на исцеление кој се случува во Yūgen методот започнува со самиот клиент, со приказната со која доаѓа. Секој човек што доаѓа на терапија се носи себеси како персона и ги носи сите свои трауми, мемории, антиципации, целата своја реалност како тој/таа ја доживувува во и до тој момент. И токму и таа конфигурација, тој гешталт на селфот ни е појдовна точка во Yūgen методот на исцеление. Го исцелуваме живиот гешталт на човековиот комплекс во моментот на седнување на столчето за исцеление.
Како што може да се забележи, уште во овие почетни објаснувања, Yūgen методата во своите терапии, посебно во вербалниот дел, користи основни гешталт принципи како што се: принципот на тука и сега; свесност, како спиритуален и психотерапевтски концепт; принципот на континуум на свесноста и парадоксалната теорија на промени. А во техничкиот дел се корисат знаењата на исцеление со Реики енергија, Светлина и Љубов според техниката на на Усуи Сенсеј – Shin Shin Kaizen Usui Reiki Ryoho (Usui Reiki Ryoho) и мојата спиритуално-енергетска Soul Talk Reiki Ryoho.
Сесија/третман трае толку колку што ќе си одлучи практикантот според своите обврски за тој ден и клиентот според својата потреба во тој момент, најмалку еден, најмногу два часа. И во својата содржина може да варира од: само вербална; само практикување на Soul Talk Reiki Ryoho или комбинирана. Од ова се гледа дека Yūgen методата на исцеление во својот пристап и суштина е експериментален, егзистенцијалистички и гешталтистички психотерапевтски процес со примеси на соодветна употреба на паранормални способност, посебно во техничкиот дел.
Многу пати знам да кажам дека секоја сесија е како лего коцка, а самиот Yūgen процес е како редење на лего коцки. Yūgen методата на исцеление® го составува човекот во личноста која тој самиот веќе е, веќе бил и се загубил разделувајќи се себеси во просторот и времето.
Но мора да се знае дека Yūgen методата не е замена за сопствена дисциплинирана работа на себе, на клиентот. Туку таа е само уште едно помошно средство кое му го нудиме на човештвото да може на безбеден начин, спонтано и без стрес да се состави себе си, да се пронајде и повторно да се врати Дома. Практикантот е само ветерот во крилата на клиентот кој попат му помага да си ги види крилјата кои всушност цело време ги имал на себе. Yūgen методата не креира крилја, ниту нова судбина. Ние помагаме за создавање на околност при која личноста ќе може да се покаже и изрази себеси во својата целовитост и убавина. И ете, тоа е она што го исцелува човека, неговата сопствена светлина, ние само тоа го дозволуваме.
Yūgen метода во пракса
- Во Yūgen методата ги земаме во предвид и како предмет на исцеление спиритуалната, менталната (психичката), емоционалната и физичката состојба. Затоа Yūgen е холистичка метода на спиритуална психотерапија со видливи физички и телесни ефекти;
- се применува и како метода за себе-исцеление и како метода за исцеление на други луѓе;
- една од целите е постигнување на колку што е можно покомплетна алостаза на клиентот со цел враќање во лична нормалност. Со што има елементи на егзистенцијалистичка, бихевиорална и експериментална природа на работа со клиентот;
- клиентот мора лично, по телефон, порака или директна средба да побара исцеление. Освен ако е малолетник, со што се бара одобрение од родител/старател и се работи и со родителот/старателот и во случај да клиентот е во кома или на некаков друг начин е онеспособен за да побара исцеление. Со што е лична и индивидуална терапија и третман.
- го почитува Универзумскиот Закон за Слободна Волја и Законот за Последици со што не влегува во категорија на култ, секта, гатање, баење и биоенергетика;
- клиенти во Yūgen пристапот се исклучиво луѓе со здрав памет и Спирит кој до тој момент го оди Патот на Светлината, нема потреба да е Светла личноста, само за сега да чекори по тој пат со желба да го задржи и уште повеќе осветли. Друг критериум не постои. Со ова, оваа метода е недискриминирачка по било кој земен основ и е не-клиничка.
- клиентот може во било кое време да си замине и да ги прекине третманите. Со ова самиот третман не сотворува никаква зависност од терапевтот и практикува хоризонтален однос клиент-практикант;
- терапевтот наплаќа според цена која го компензира неговото време, искуство и умешноста во исцеление;
- клиентот е оној кој се исцелува самиот себеси, практикантот само се труди да создаде безбеден простор и колку може повеќе можности за клиентот да се пронајде и види себеси. Со ова методот вклучува и голем дел од гешталтистички пристап на работа;
- доколку некој е терминално болен и знаеме дека времето на заминување е близу, не престануваме со работа, туку продолжуваме со чисто спиритуални третмани во кои работиме само со Светлината на Спирит на клиентот. Практикантот ја почитува Смртта како дел од Животот и не е дозволено да предомислува ничив Спирит т.е. клиентот ако е спремен и сака да си замине Дома. Со ова Yūgen методата на исцеление е комплетно спиртуална;
- основна техника на исцеление во Yūgen методата е Soul Talk Reiki Ryoho. Со ова Yūgen методата во својата срж се занимава со канализирање и исцеление со Реики енергија и Светлина
Иако Yūgen е спиритуална метода на исцеление и филозофија на живеење сепак е организиран спиритуален систем на исцеление со свои правила, прописи, кодекси и етика на однесување, точен број на часови образование, книги, модули, знаење. И само оној кој ќе го почитува ова може да се нарече практикант на Yūgen методата на исцеление®.